20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче: Време е конечно да се оперира системот – без анестезија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на Фејсбук упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, користејќи ја својата професија на хирург како метафора за состојбите во политиката.

„Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно“, напиша Филипче.

Тој ја обвини власта дека ја труе државата со лаги, поделби и криминал, спротивставувајќи ја работата на лекарите со начинот на кој, според него, се води државата.

„Додека ние спасуваме животи, тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал“, наведе лидерот на СДСМ.

Филипче ја заврши објавата со порака дека е потребна радикална промена на политичкиот систем.

„Време е конечно да се оперира системот. Без анестезија“, напиша тој.

Related posts

Нова финансиска инјекција: 5 милиони евра за жени и млади претприемачи

admin

Пациентите со рак живеат подолго поради нови терапии и зголемен буџет

admin

Министерот за економија најави ригорозни мерки против трговци со неосновано високи цени

admin

Спасеновски: Влада без ДУИ ќе ги комплицира работите

admin

ТРАГЕДИЈА | Пожар во дискотека во Кочани: Најмалку 51 загинат, над 100 повредени

admin

Пролетта почнува денес, прогнозите најавуваат потопол период

admin