29.8 C
Скопје
19 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Талог“, „омраза“, „криминална група“ – ескалира реториката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во говорот на Илинден во Пелинце користел реторика што ги продлабочува политичките поделби.

Жерновски рече дека премиерот повторно ги употребил термините „талог“, „мочуриште“ и други навредливи квалификации за политичките противници, оценувајќи дека на најголемиот државен празник наместо пораки за единство избрал да ги навредува граѓаните.

„Тоа е Мицкоски – човек со патолошка политичка омраза“, изјави Жерновски, додавајќи дека ваквата реторика е насочена кон сите што не се согласуваат со политиките на Владата.

Тој го критикуваше и претходниот повик на премиерот граѓаните летниот одмор да го поминат во земјава, наведувајќи дека самиот најавил патување во странство.

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и возврати дека токму Жерновски е дел од, како што наведуваат, системот кој со години ја уништувал државата.

Од владејачката партија соопштија дека лица како Жерновски, Зоран Заев и Венко Филипче се одговорни за состојбите во изминатите две децении и оценија дека актуелната власт спроведува промени во интерес на граѓаните.

Размената на обвинувања доаѓа по говорот на премиерот за време на одбележувањето на Илинден, кој предизвика серија реакции од опозициските партии и нова ескалација на политичката реторика.

Related posts

Путин повторно го активира Шредер? Средбата предизвика нови прашања во Европа

admin

Поделбите околу Иран ја тестираат кохезијата на НАТО

admin

Трагедија кај Скопје: Загина познатиот баритон Ристе Велков и неговиот син

admin

Меѓу уставните измени и „црвените линии“ за ЕУ

admin

На секој трети граѓанин му побарале мито: Корупцијата најголем проблем во Македонија

admin

И да има зголемување на партиципацијата за студирање, нема да биде на грбот на студентите

admin