17.8 C
Скопје
20 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Проблемот не е во зборот, туку во огледалото“ – Петкоска со нова порака до опозицијата

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, преку објава на социјалните мрежи одговори на критиките на СДСМ за употребата на зборот „талог“, оценувајќи дека проблемот не е во самиот збор, туку во тоа што, според неа, опозицијата се препознала во него.

„Да не се лутат на зборот ‘талог’, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него. Јасно ни е од каде доаѓа нервозата“, напиша Петкоска.

Таа оцени дека реакцијата на опозицијата покажува дека „сама се препознала“, додавајќи дека никој не бил именуван директно. Во објавата упати критики кон поранешната власт, обвинувајќи ја за слаби економски резултати, застој во инфраструктурните проекти и неспособност во управувањето со државата.

Реакцијата следува откако претходно членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во илинденскиот говор ги навредил граѓаните со употребата на терминот „талог“ и дека со таквата реторика ги продлабочува политичките поделби.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, исто така порача дека „никој не бил спомнат по име“, но дека политичките противници „сами се препознале“.

Размената на обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжува во пресрет на интензивирањето на политичките активности, при што реториката околу употребата на терминот „талог“ стана нов повод за меѓусебни обвинувања.

Related posts

Пресврт во проширувањето? ЕУ бара начин побрзо да ги внесе балканските земји во Унијата

admin

ЕУ може да реагира на Американските забрани за визи

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

ПРЕСУДА ЗА ОКТА: РСМ ТРЕБА ДА ПЛАТИ МИЛИОНСКА ОТШТЕТА

ninja

Таравари: Абсурдно е да те критикуваат пензионери на ДУИ

admin

„Скопје 2028“ под оган: Антикорупциска, невладини и опозицијата алармираат за закон без тендери

admin