29.7 C
Скопје
10 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Црната кутија на ДУИ“ – ВЛЕН прашува дали Груби проговорил пред истражителите

Коалицијата ВЛЕН побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“ во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, обвинувајќи ги обвинителските органи дека постапуваат бавно.

Од ВЛЕН велат дека се приближуваат шест месеци од определувањето домашен притвор за Груби и дека максималниот рок за оваа мерка, според нив, истекува на 22 август.

„Дали Артан Груби ја отворил устата, проговорил и поради тоа се одолговлекува целиот случај?“, прашуваат од ВЛЕН.

Партијата не понуди докази за ваквото тврдење, ниту наведе дека располага со информации оти Груби соработува со истражните органи.

ВЛЕН го отвори и прашањето за американските санкции против Груби и побара од домашните институции да соопштат дали и какви активности презеле по наодите на американските власти.

Од коалицијата го нарекоа Груби „црната кутија на ДУИ“, тврдејќи дека како поранешен висок функционер има сознанија за начинот на кој се носеле одлуки и функционирала партијата додека била на власт.

„ВЛЕН бара од Обвинителството да не игра криенка со правдата, туку да излезе и да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, каде се заглавени постапките и што презело по констатациите на американските власти“, се наведува во соопштението.

 

Related posts

Шпионски скандал во НАТО: Практикантка обвинета дека работела за Пекинг

admin

КУРТИ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ ЗАКАНИТЕ НА СРБИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО

ninja

Швајцарците пресекоа: Не за ограничување на населението на 10 милиони!

admin

Тошковски: Институциите постапуваат по сите пријави, градењето не смее да биде тема само пред избори

admin

ОЗНАКАТА “NMK” ЌЕ ГИ ЧИНИ ГРАЃАНИТЕ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

Адеми: Дурмиши ја призна неoдговорноста на Бектеши

admin