22.8 C
Скопје
2 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Огнен викенд низ Македонија: 29 пожари за еден ден

Противпожарните екипи во неделата продолжија со гаснење на повеќе активни пожари низ земјата, откако во претходното деноноќие биле регистрирани 29 пожари на отворено, од кои 22 биле изгаснати, а шест останале активни.

Еден од потешките пожари е над селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде полициски хеликоптер интервенира од воздух.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека во близина на пожарот и реката Треска е поставен монтажен базен од кој хеликоптерот полни вода.

Според него, со тоа е значително скратено времето меѓу интервенциите и хеликоптерот сега може да исфрла околу еден тон вода врз пожарот на секои три до четири минути.

Истовремено, пожарот на планината Жеден, во реонот кај Јажинце, го гаснат трите „ер трактори“ на ДЗС.

Катастрофа избегната во Зелениково

Драматично било и во Зелениково, каде пожар во текот на ноќта се приближил до последните куќи над населеното место.

Според информациите од терен, жителите, доброволните и професионалните пожарникари и локалната самоуправа успеале да го запрат огнот на само неколку метри од домовите.

Во интервенцијата бил вклучен и градоначалникот на Зелениково, кој управувал противпожарно возило.

Ангелов оцени дека била избегната сериозна катастрофа.

29 пожари во едно деноноќие

Според ДЗС, во претходниот ден биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор.

Од нив, 22 биле целосно изгаснати, додека екипите продолжиле да интервенираат на шест активни жаришта.

Високите температури, сувата вегетација и ветерот дополнително го зголемуваат ризикот од брзо ширење на огнот.

Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни при движење и работа на отворено.

„Доволна е само една искра за вистинска катастрофа“, предупреди тој.

 

Related posts

Мицкоски: Без Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства, нема промени во ставовите за уставните измени

admin

БИСЛИМОСКИ УВЕРУВА ДЕКА И ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС

ninja

Филипче до Мицкоски: Македонија не е на продажба, за рудниците да одлучуваат граѓаните

admin

Стабилна влада во Софија за конструктивно решение со Скопје

admin

Почина легендата на акцијата Чак Норис, човекот што стана интернет мит

admin

Зошто Путин го запре целиот извоз на бензин и дизел надвор од Русија?

admin