19.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„НЕ МОЖЕ КАБЕЛОТ ДА БИДЕ ВИНОВЕН“: ВЛЕН бара одговорност за 14-те жртви во Тетово

ВЛЕН побара независна истрага и целосна одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, обвинувајќи дека досегашниот институционален епилог не обезбедил правда за жртвите и нивните семејства.

Од коалицијата велат дека отсуството на целосна кривична одговорност претставува „повторна виктимизација“ на загинатите и нивните семејства.

„Али Ахмети и Обвинителството раководено од Ислам Абази ѝ должат одговор на јавноста: како е можно по 14 загубени животи, на крајот да излезе дека ‘виновен’ е кабелот?“, се наведува во реакцијата на ВЛЕН.

Според ВЛЕН, случајот ризикува да остане пример за институционална неодговорност и неуспех на правосудниот систем.

Од коалицијата велат дека правдата не смее да зависи од политичко влијание, партиска припадност или функцијата на која се наоѓа одредено лице.

„Кога за трагедија со 14 жртви нема целосна и непристрасна одговорност, не станува збор само за неуспех на едно обвинение, туку за тешка загуба за целиот правосуден систем“, велат од ВЛЕН.

Во соопштението се упатуваат и остри политички обвинувања кон ДУИ, при што ВЛЕН тврди дека исходот од случајот претставува товар за поранешното раководство на владејачката партија.

„За ДУИ, се чини дека 14 човечки животи се само статистика. Но, за семејствата на жртвите тие се незаменливи животи, а за целото општество обврска вистината да се расветли и правдата да биде задоволена“, се наведува во реакцијата.

ВЛЕН најави дека ќе продолжи да бара независна истрага, непристрасно утврдување на одговорноста и правда за секоја од 14-те жртви.

Коалицијата воедно најави дека политичката одговорност за случајот ќе ја бара на следните парламентарни избори, без оглед кога тие ќе бидат одржани.

„Албанците тргнуваат по својата правда“, порача ВЛЕН.

Related posts

DW: Паралелна држава – приватни средби за државни проекти

admin

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза – Фронтекс потпишан на македонски јазик

ninja

НЕД го тужи Трамп: Запирањето на фондовите нанесува голема штета врз демократијата низ целиот свет

admin

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin

Можно повлекување на американските трупи од Косово по потенцијален договор Путин-Трамп за Украина

admin

Груба партизација или „почит“ кон градоначалниците: Лидери на ВЛЕН делеа решенија за работа во тетовската болница

admin