19.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Незири открива каде ДУИ го бара наследникот на Ахмети: Не се Груби и Османи

Политичкиот аналитичар Џелал Незири оценува дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најверојатно нема да се повлече од политиката пред следните парламентарни избори, а неговиот иден наследник на чело на партијата, според информациите со кои располага, треба да се бара во Полошкиот Регион.

Незири, во интервју за ТВ Сител, рече дека не очекува функцијата да ја преземат имињата кои во јавноста најчесто се споменуваат како можни наследници на Ахмети, меѓу кои Бujar Османи и Артан Груби.

„Според моето мислење, нема да бидат ниту Груби, ниту Османи, ниту другите кои се споменуваат како сериозни кандидати. Иако, се разбира, сè е можно“, рече Незири.

Тој посочи дека позицијата на двајцата потенцијални претенденти е оптоварена со различни политички околности.

За Груби, Незири рече дека против него започнува судски процес чиј исход и времетраење засега не можат да се предвидат.

Во однос на Османи, тој го издвои изборниот резултат во Чаир.

„Османи ги загуби изборите во Чаир минатата година. Според информациите што ги имам, ДУИ идниот лидер ќе го бара во Полог, меѓу Тетово и Гостивар“, рече Незири.

Оценката доаѓа во период кога прашањето за идното лидерство на ДУИ сè почесто се отвора во јавноста, по повеќе од две децении во кои Ахмети е неприкосновен лидер на партијата.

Related posts

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

Пронајден мртов човекот што ги поврзувал девојките со Епстин

admin

Таравари: На ДУИ и треба ветинг, но треба да го спроведат меѓународни експерти

admin

ЕУ стави крај на уништувањето непродадена облека: Новите правила веќе важат

admin

Седум години подоцна, Си дојде во Пјонгјанг со нова порака и нови амбиции

admin

Османи: Му се јавив на Ахмети да му кажам што изјавил Мицкоски, се насмеа и ми рече…

admin