12.8 C
Скопје
27 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пресврт во „Ласкарци“: Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која во 2019 година загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Највисокиот суд ги уважил барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од осудените преку нивните бранители и го вратил предметот на повторно постапување и одлучување пред Апелациониот суд.

„Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, соопшти Врховниот суд.

Одлуката значи дека Апелациониот суд ќе треба повторно да постапува по предметот и да донесе нова одлука.

Укинувањето на пресудата не значи ослободување на обвинетите од одговорност, туку дека правосилната одлука на Апелација повеќе не опстојува и предметот повторно влегува во судска постапка.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“, кој сообраќаше на релација Скопје–Гостивар, излета од автопатот Скопје–Тетово, ја проби заштитната ограда и се преврте во близина на селото Ласкарци.

Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени, што ја прави несреќата една од најтешките автобуски трагедии во поновата историја на земјата.

По повеќегодишна судска постапка беа донесени пресуди против обвинетите, но со најновата одлука на Врховниот суд предметот повторно се враќа пред Апелација.

Во соопштението што е објавено не се наведуваат деталните причини поради кои Врховниот суд ја укинал пресудата.

Related posts

СО БЛОК ТАРИФИ ПРОТИВ „ИТАРПЕЈОВЦИТЕ“ МЕЃУ ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НА СТРУЈА

ninja

Тетовска фирма на вработен во Министерството за транспорт изработува ДУП-ови

admin

Невидливиот обвинител – Една година од мандатот на Ислам Абази

admin

Официјално се регистрирани 780 нелегални градби, за Чаир и за неколку општини нема податоци

admin

Дали Бугарија го шири чадорот на Кремљ преку Дешо – баран со меѓународна потерница, поради крвавиот четврток во Скопје

admin

По шест години чекање: „Гранит“ го доби автопатот Скопје-Блаце, машините излегуваат летово

admin