14.8 C
Скопје
8 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Дипломатски судир Лондон–Израел: 20 британски дипломати заминуваат од Источен Ерусалим

Велика Британија повлекува најголем дел од дипломатскиот персонал од својот конзулат во окупираниот Источен Ерусалим, откако Израел најави затворање на мисијата како одговор на британските санкции против израелски населби на Западниот Брег.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар соопшти дека генералниот конзул и уште 19 дипломати ќе ги напуштат Израел, додека седум дипломати ќе можат да останат во објектот со „многу ограничен обем на работа“.

Британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд, сепак, рече дека мисијата нема да биде затворена.

Објектот отсега ќе функционира како „UK Mission, Jerusalem“.

Лондон: Не го прифаќаме правото на Израел да го затвори конзулатот

Милибанд изјави дека британската влада не прифаќа оти Израел има право да го затвори конзулатот, бидејќи британската позиција е дека Источен Ерусалим е окупирана територија.

Тој додаде дека дел од персоналот и нивните семејства се повлекуваат привремено од безбедносни причини.

Според него, меѓу двете влади не бил постигнат целосен договор за безбедносните гаранции за персоналот и просториите.

Израел: Мерките се одговор на британските санкции

Израел претходно најави дека ќе го затвори британскиот конзулат како реакција на санкциите што Лондон ги воведе против израелски населби на окупираниот Западен Брег.

Саар рече дека Израел ги спроведува мерките најавени на 8 септември.

Тој додаде дека таблата на британскиот конзулат била отстранета, иако британското знаме останало истакнато, а дел од персоналот продолжил да влегува во зградата.

Мисијата постои од 1838 година

Британскиот конзулат во Ерусалим е воспоставен во 1838 година и традиционално ги покрива односите на Велика Британија со Палестинците во Ерусалим, Западниот Брег и Газа.

Тој е одделен од британската амбасада во Тел Авив, која е главната дипломатска мисија за односите со Израел.

И покрај остриот спор, двете страни постигнале ограничен аранжман што овозможува дел од британското дипломатско присуство да остане.

Израел соопшти дека, по договорените принципи со Лондон, нема да презема дополнителни мерки против Велика Британија.

Британската страна, пак, инсистира дека мисијата и натаму ќе работи со палестинското население.

 

Related posts

СДСМ најавува конгрес на 7 јуни, избрани нови членови на ЦО и ИО

admin

Загрижувачки предупредувања во извештај на Европската комисија 2025: Притисоци врз правосудството и застој во борбата против корупцијата во Северна Македонија

admin

Македонија останува без ученици: 148 празни училишта и 433 паралелки помалку, Тетово му пркоси на трендот

admin

Партиите ги отвораат картите – се вжештува реториката меѓу власта и опозицијата

admin

Поранешниот албански премиер обвинет за корупција и перење пари, уапсен е неговиот зет

admin

Таравари изрази разочараност од Курти поради мешање во внатрешни прашања

admin