20.8 C
Скопје
26 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Огнена линија од над 10 километри кај Градско, пожарот повторно излезе од контрола

Пожарите на повеќе локации во Северна Македонија продолжуваат да ги ангажираат противпожарните и воздухопловните сили, а најтешка е состојбата во Општина Градско, каде огнот повторно се прошири во близина на селата Горно и Долно Чичево.

Пожарот, кој избувнал во сува трева и поради ветерот брзо се проширил, зафатил тешко пристапен и карпест терен. Според информациите објавени во домашните медиуми, огнената линија во поширокиот реон достигнува повеќе од 10 километри.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изјави дека контролата врз пожарот кај Чичево била изгубена и предупреди дека пожарникарите ги очекува тешка борба.

На терен се ангажирани противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, додека дел од воздушните капацитети биле пренасочени кон овој реон.

Во текот на ноќта пожарникарите успеале да го заштитат скопското село Палиград, но продолжува борбата со пожарот на планината Китка.

Ангелов предупреди и на сомневања дека на Китка пожарот повторно бил намерно предизвикан. Засега нема информации за идентификувани или приведени лица во врска со овие сомневања.

Според податоците на Центарот за управување со кризи објавени во текот на денот, низ земјата биле регистрирани повеќе пожари на отворен простор, од кои дел останале активни.

Пожарите доаѓаат во период кога поширокиот Балкан се соочува со тешка сезона на шумски пожари.

Во соседна Србија, пожарите зафатија повеќе од 3.500 хектари од Специјалниот резерват на природата Делиблатска Пешчара, поради што беше активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Европски хеликоптери и противпожарни тимови беа испратени како помош на српските служби.

Европската комисија ја оцени сезоната на пожари во 2026 година како исклучително тешка, со значително поголема опожарена површина во Европа во споредба со просекот за истиот период од годината.

Related posts

Гаши: Мнозинство е стабилно, нема потреба од нови избори

admin

Приведени поранешни и актуелни функционери во проширената истрага за пожарот во Кочани

admin

Поскапувањето продолжува: минималната синдикална кошница достигна 65.492 денари

admin

САД ја снабдува Украина и со противпешадиски мини

admin

ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ИСТИ БЕНЕФИЦИИ КАКО ПОЛИЦИЈАТА

ninja

ПОЛИТИКО: Се празни касата на ЕУ, членките не даваат дополнителни средства

admin