8.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМЕ должи над 2 милиони евра, намален е за 6 милиони

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ должи над два милиони евра, покажуваат ревизорските извештаи на партиските сметки, пишува Дојче веле на македонски јазик.

Ревизорите при анализата на доставената документација и склучените спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски и плаќање на рати со добавувачите за периодот од 2018 до 2021 година, утврдиле дека партијата има склучено договори за регулирање на меѓусебните права и обврски и плаќање на рати со 21 добавувач, во вкупен износ од над 184 милиони денари. До 31.12.2021 година исплатени се средства во износ од над 43 милиони денари. Со осум добавувачи во целост се регулирани обврските, а до 31.12.2021 година останати се неподмирени обврски од над 140 милиони денари, се вели во најновите извештаи на Државниот завод за ревизија.

Долговите на партијата се влечат со години – дел се неподмирени обврски кон добавувачи постари од три години, како и долгови од изборните кампањи.

Долгот на партијата пред три години беше околу осум милиони евра. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ на 17 февруари 2002 година откри дека партијата е една од најзадолжените во земјата, со долг кој надминува над осум милиони евра.

„Долгот е од банка од каде се земани кредити и најголем дел од долгот е направен пред да дојде ова ново раководство на партијата“, информираше Николоски.

Ревизорите и во последните анализи за 2021 година на партиските сметки на владејачката СДСМ, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, како и владиниот коалиционен партнер од албанскиот блок – ДУИ, имаат низа забелешки за финансирањето на партиите. Тие препорачуваат државата да ги регулира начините како политичките партии собираат членарини и донации, со оглед на тоа дека во ДУИ е утврдено дека се уплаќани членарина над законски утврдениот лимит.

Ревизорите посочуваат дека двете најголеми партии од македонскиот блок имаат проблеми со имотите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се соочува со проблеми околу „белата палата“ на која и се заканува конфискација поради незаконска изградба. 

Со судската постапка покрената во октомври 2018 година, на ВМРО – ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган.

Регулирање на имотите се бара и од владејачката СДСМ. Ревизорите констатирале дека за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата, не e решен сопственичкиот статус, поради што тие не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата.

Партијата има проблем со објекти коишто ги користи во Тетово, Куманово, Кисела Вода, Центар, Виница, Кочани, Делчево.

 

Related posts

Џезаири: Добро е ВМРО-ДПМНЕ да ги почека изборите а потоа да каже која партија не ја посакува во владата

admin

Опозицијата се здружува против ДУИ, аналитичарите со различни очекувања

admin

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА

ninja

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

Се испитува телефон, два пиштола и контактите на Палевски

admin