2.8 C
Скопје
30 ноември, 2023
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

МАКЕДОНИЈА ЗАГРИЖЕНА, А АПАСИЕВ СО ПОДРШКА ЗА ПУТИН: САКАВТЕ КОСОВО, ЕВЕ ВИ УШТЕ ДВЕ

Додека поголемиот дел на политичките фактори во Северна Македонија ги осудија одлуките на Москва за признавање на украинските региони населени со мнозинство етнички руси како независни држави, само една партија застана зад Русија на Владимир Путин. 

„Путин вечерва им ја напраи: “Сакавте Косово, еве ви уште две”, напиша на Фејсбук лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, по веста за признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Русија.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, со осуда на потегот на Москва. „Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“, напиша тој на „Твитер“.

Темата за и околу Украина беше една од главните точки на Владата на РСМ. Членовите на владата разаговарале за безбедносната ситуација но и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од РСМ на Мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се во Украина.

Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, за Телма пак информираат дека засега не е планирана седница на Советот за безбедност околу можните влијанија и последици од украинската криза, при што се наведува дека земјава е континуирано активна во рамките на НАТО.

Во меѓувреме министерот за финанси, Фатмир Бесими, е првиот кој го подигна нивото на загриженост околу последиците од ескалацијата на состојбата меѓу Русија и Украина. Тој во интервју за МИА вели дека тоа може потенцијално да донесе влошување на европските пазари.

„Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго. Други ескалации, зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио“, изјави  Бесими.

 

 

Related posts

Кина и Русија испраќаат воени бродови во близина на Алјаска, САД одговараат со разурнувачи на морнарицата

admin

ВИДЕО ВО ЖИВО Мир и демократија наспроти војна и автократија

admin

Мицотакис или Ципрас, кој ќе победи на парламентарните избори во Грција?

admin

Незири: Албанците имаа конструктивна улога во процесот со Бугарија

ninja

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

ninja

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи

admin