31.8 C
Скопје
12 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Зеленски бара повеќе авиони да се борат против руските воздушни напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес упати „очајна молба“ до американските сенатори да испратат повеќе авиони за да ѝ помогнат на земјата да се бори против руската инвазија, според лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер.

Зеленски се состана практично со повеќе од 300 луѓе, вклучително и сенатори, некои претставници во Претставничкиот дом и соработници, при што Шумер вети дека ќе стори се` што може „за да ѝ помогне на администрацијата да го олесни нивниот трансфер“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес разговараше со полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во Жешов, на границата со Украина.

Блинкен ја премина границата, накратко допирајќи ја украинската почва, за да се сретне со министерот за надворешни работи Димтро Кулеба, кој побара поголема воена помош за да се победи Русија.

По средбата со својот полски колега, Блинкен на прес-конференција повтори дека САД „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“ и најави дека администрацијата на Бајден се подготвува да одвои дополнителни 2,75 милијарди долари хуманитарна помош за украинските бегалци.

Блинкен, исто така, ја пофали Полска за помошта на стотици илјади Украинци кои ја напуштија својата земја, велејќи дека „народот на Полска знае колку е важно да се брани слободата“.

Полскиот министер за надворешни работи Рау рече: „Полска никогаш нема да ги признае територијалните промени предизвикани од неиспровоцирана, незаконска агресија“.

Додека украинскиот претседател Зеленски го критикуваше НАТО оти не воведува забранета зона за летање, Путин денес рече дека ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.

Дополнително, Путин рече дека во моментов не планира да прогласи воена состојба во Русија бидејќи „воената состојба треба да се воведе само во случаи кога има надворешна агресија“, додавајќи „не го доживуваме тоа во моментов и се надевам дека така ќе биде.“

Украина вели дека руските сили ги гранатираат патиштата за евакуација од Мариупол, како и од самиот град, со што го прекршуваат примирјето што требаше да стапи на сила утрово, во 7 часот, додека јужниот крајбрежен град продолжи да трпи неколкудневни воздушни напади.

Официјалните претставници на Мариупол рекоа дека ги одложуваат плановите за евакуација кои предвидуваа рутите да бидат отворени за сообраќај на возилата за пет часа, и ги повикаа жителите да се засолнат.

Сепак, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските „националисти“ дека ги спречуваат цивилите да избегаат од Мариупол, според РИА, руската државна новинска агенција. Тие не наведоа докази за да ги поткрепат овие тврдења.

Дел од инфромациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

Related posts

Амбициите на Косово за Советот на Европа – блиску до целта или во пит-стоп?

admin

Мицкоски: Треба да се знае дека не одлучува Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата

admin

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

admin

Албанија може да не ги продолжи преговорите, Грција ја постави првата бариера

admin

Таравари: Уставните измени ќе поминат, за во НАТО го чекавте Ахмети 20 години

admin

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja