19.5 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Зголемени повици за формирање зона за забранети летови, и доставување борбени авиони за Киев

Потпретседателката на САД Камала Харис денеска е во главниот град на Полска, Варшава, додека администрацијата на Бајден и нејзините сојузници во НАТО дискутираат за најдобрите начини за зајакнување на Украина, избегнувајќи да бидат директно вовлечени во борбите, поради ризик од поширока европска војна.

Се очекува Харис да ѝ пренесе порака на Полска дека САД стојат „цврсто и решително“ со сојузниците во НАТО и дека ќе продолжат да обезбедуваат помош за Украина.

Нејзината посета, сепак, се совпаѓа со дипломатските турбуленции околу полската понуда, која го изненади Вашингтон – да ги донира своите воени авиони МиГ-29 од советската ера и тие да бидат префрлени во Украина. За возврат, Варшава сака Вашингтон да ги надополни своите капацитети во воздушните сили со авиони од американско производство.

Полската влада не доби зелено светло од администрацијата на Бајден пред да го обелодени во јавноста планот, а Пентагон во вторникот ја отфрли идејата како „неодржлива“.

Викторија Нуланд, виша функционерка во американскиот Стејт департмент, дознала дека идејата била јавно објавена од Полјаците додека сведочела на Капитол Хил и била испрашувана за тоа од сенаторите.

Полските власти велат дека прифаќаат само предлог од администрацијата на Бајден. Претходно, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Вашингтон размислува да и обезбеди авиони на Полска, доколку Варшава одлучи да ги донира своите МиГ-29. Тој нагласи дека не е донесена конечна одлука, велејќи дека за конечната одговорност за потегот ќе биде потребна поддршка од целата Алијанса.

Воен авион од типот Миг
Воен авион од типот Миг

Полскиот министер за надворешни работи рече дека неговата влада е „подготвена да ги распореди – „веднаш и бесплатно – сите нивни авиони МИГ-29 во воздухопловната база Рамштајн и да ги стави на располагање на владата на САД“. Претходно, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека одлуката за обезбедување на Украина со 28 авиони од типот МиГ-29, коишто им се познати за управување на украинските пилоти, треба да биде заедничка одлука донесена од сите членки на НАТО. „Не се согласивме сами да доставуваме авиони бидејќи тоа мора да биде одлука на целото НАТО“, рече тој за време на прес-конференцијата во Варшава.

Вестите за можен трансфер на МиГ-29 беа пречекани во Киев со воодушевување. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите помошници лобираа во НАТО за дополнителни авиони за да и помогнат во борбата со Русија на небото над Украина. Тие, исто така, го повикаа НАТО да прогласи зона на забранети летови над Украина за да ја заштити земјата од руски воздушни напади.

Related posts

ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ ЧЕШКИ АМБАСАДОР: РУСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА Е ОПАСНОСТ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА

admin

Синдикатите во Македонија протестираат за повисока минимална плата

admin

ЕУ го менува пристапот кон проширувањето: Кошта најави нови механизми за побрз влез на Западен Балкан

admin

Мицкоски: Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, ќе оди во затвор

admin

СДСМ алармира за Чаир: Зграда на место каде што требала да биде улица – урбана мафија или партиска шема?

admin

Пратеничката на ВЛЕН ѝ одговори на критиките на Таравари со видео од 2021

admin