10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пратеничката на ВЛЕН ѝ одговори на критиките на Таравари со видео од 2021

Пратеничката на коалицијата ВЛЕН, Саранда Имери Стафај, објави видео од 2021 година во кое лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, вели дека тогашната опозиција, составена од АА и ВМРО-ДПМНЕ, е „далеку пред СДСМ и ДУИ“. Со оваа објава, Имери одговори на критиките од Таравари дека ВЛЕН на претстојните локални избори ќе се потпре на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Во коментар под објавата на Фејсбук, Таравари ѝ возврати: „Почитувана Саранда, во 2021 немаше село етнички чисто албанско во Гостивар (Чегране, Форино, Чајле, Турчан, Лакавица, Дебреш, Равен, Трново, Симница, Страјане) каде што не победивме убедливо, односно без гласовите на ВМРО. Но, не ја негираме поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, која изнесуваше приближно 3.000 гласови, додека нашата разлика во однос на противкандидатот беше 5.704 гласа.“

Имери му реплицираше: „Арбен Таравари, архивата ти е доста богата со вакви изјави, уште од 2017 😊“.

Паралелно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите за настапот на претстојните локални избори со коалициите ВЛЕН и ЗНАМ се одвиваат во позитивна насока.

„Што се однесува до ЗНАМ, имаме принципиелен договор – тие ќе настапат со свои советнички листи, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со свои, а во општините каде ќе одлучиме да поддржиме кандидат, едната страна нема да кандидира свој претставник и ќе се поддржуваме меѓусебно“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поддржи ВЛЕН уште во првиот круг: „Веруваме дека партија која повеќе од 20 години не направи ништо, освен што издаваше лиценци за марихуана, отвораше казина и играше фудбал во канцеларии, треба да биде поразена и да замине во историјата на македонската политика.“

 

 

Related posts

Министерството за здравство предлага нов закон за лекови, Алиу најави мерки против злоупотреби

admin

Лидерот на СДСМ Филипче во Берлин: Ќе ги бранам црвените линии за јазикот и идентитетот

admin

Белата куќа ѝ нареди на војската фокус на „карантин“ на венецуелската нафта

admin

Бајден го помилува синот Хантер

admin

Како фонд поврзан со ЦИА му ги отвори вратите на германскиот гигант за дронови

admin

НА СЕКОЈ СААТ ИМА НОВИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ХЕРСОН, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

ninja