8.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗАНАСЛОВНА

ИНТЕГРИТЕТОТ НА НОВИНАРИТЕ, УСЛОВ ЗА НЕЗАВИСНА УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА

Редакциите не треба да прифаќаат патувања на сметка на Владата во посети на претседател на држава, премиер, министри или други јавни функционери во странство, и тоа на меѓународни конференции, билатерални средби и сл

Автор: Сефер ТАХИРИ

Интегритетот како новинарски принцип

Медиумите и новинарите треба да бидат независни од надворешните политички, корпоративни или други влијанија, бидејќи можат да ја загрозат уредувачката независност.

Право и обврска на секој новинар е да се бори против злоупотреба и корупција во својата работа и во другите сфери на општеството.

Публиката треба да биде сигурна дека одлуките на медиумите за следење одреден настан или третирање некоја тема не се донесени под влијание на нечиј притисок или личен интерес.

Во Прирачникот за новинарство од јавен интерес објавен во 2016 година од страна на Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се наброени неколку стандарди, кои се дел од овој принцип.

-Медиумите и новинарите, главните уредници, уредниците и сите други професионалци вклучени во медиумското производство треба да се слободни и независни од надворешните интереси и договорите на медиумите со различни субјекти, кои можат да го загрозат новинарскиот интегритет

-Репутацијата и кредибилитетот се директно поврзани со интегритетот и независноста. Надворешните интереси не треба да бидат во конфликт со новинарскиот интегритет и транспарентноста на медиумите

-Интегритетот подразбира дека медиумите имаат одговорност кон публиката/јавноста и дека ги почитуваат етичките и професионалните стандарди.

– Новинарскиот интегритет го бранат не само новинарите и уредниците, туку и фоторепортерите, снимателите, монтажерите и сите други професионалци кои учествуваат во процесот на креирање новинарски содржини. Тие со ниедна постапка или одлука во својата работа не треба да го загрозуваат или да го дискредитираат медиумот.

Новинарски патувања на буџетски трошок

Сите патишта водат кон Рим! Но не сите медиуми можеа да патуваат во италијанскиот главен град.

Службената посета на делегецијата на владата на Република Северна Македонија во Рим, во рамки на одбележувањето на 24ти мај, денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј се следеше само од дел од приватните медиуми! Тие патуваа во Рим на трошок на буџетот на граѓаните.

И мината влада на Никола Груевски имаше практика да прави селекција при изборот на медиумите односно новинарите, кога се остваруваа посети на премиерот или владините делегации. Во владината одлука од 2007 година се истакнуваше „Владините функционери со пари од буџетот ќе ги покријат трошоците на патувањето на новинарите ако проценат дека медиумското покривање на настанот е во интерес на јавноста. Право да бидат следени од медиумите кога ќе посетат некоја земја имаат само премиерот, неговите заменици и министрите. Зависно од важноста на посетата, нив ќе ги придружуваат најмногу до пет новинари од електронските и печатените медиуми со најголем рејтинг„.

Селектирањето на медиумите, без да се објавуваат критериумите од страна на владата зошто токму дел од нив беа поканети во Рим, го осудија трите новинарски здруженија: Здружението на новинарите, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Совет за етика во медиумите.

„Овој селективен пристап на Владата, без никакви критериуми, може да се толкува и како фаворизирање на конкретните медиуми. Немањето на транспарентни и јасни критериуми за тоа како е направен изборот кој медиум ќе известува за официјалната владина посета во Рим создава дискриминација во медиумскиот сектор и ги става медиумите во нерамноправна положба.  Користењето на јавни ресурси за да се стимулираат само поединечни медиуми на официјални посети во странски држави е непрофесионално и е на штета на медиумите, но и на граѓаните„ стоеше во реакцијата на новинарскиот еснаф.

На трошок на буџетот на даночните обврзници, за известување од меѓувладината седница Република Северна Македонија – Република Бугарија (датум линк плусинфо), во јануари оваа година биле акредитирани 34 новинари и сниматели, претставници на 29 медиуми. Како што соопшти Службата за општи и заеднички работи на владата, за нив беше организиран превоз и хотелско сместување, што беше јасно назначено и во јавниот повик за организирање на патувањето.

Не само владата, туку и Собранието имаше селективен пристап кон медиумите. При посетата на претседателот на Собранието, Талат Џафери во Украина на 27 април оваа година на нетранспарентен начин и без критериуми беше избран само еден приватен медиум. Во реакцијата на здруженијата се истакна дека „станува јасно дека овие опасни процеси, карактеристични за едни други медиумски времиња, се враќаат и се закануваат повторно на медиумските слободи„.

Но кон реакацијата на здруженијата реагираше редакцијата на порталот Плусинфо. Според овој портал очигледно недоволно е развиена свесноста дека станува збор за една раширена коруптивна практика, која е спротивна на професионалните и на етичките стандарди. „Одамна е познато дека новинарите кои одат на вакви настани на државен трошок, не се во состојба објективно да известуваат, зашто се под притисок на фактот дека нивниот престој целосно или делумно е платен од оние за кои треба да известуваат. Тоа ги прави пристрасни и им го намалува капацитетот за критичко расудување„ смета овој медиум.

Редакцијата на Плусинфо смета дека станува збор за класична корупција на медиумите. За ова според медиумот на Бранко Героски постои еден единствен лек: владата и другите државни институции веќе не смеат ниту да помислуваат да организираат службени патувања за новинари на државен трошок, а медиумските работници и нивните редакции мора да ги отфрлаат непристојните понуди.

Патувањата организирани од власта- скриена корупција

Според искуствата на европските земји, редакциите на медиумите, особенио приватвбите не треба да прифаќаат патувања на сметка на Владата во посети на претседател на држава, премиер, министриили други јавни функционери одстранство, и тоа на меѓународни конференции, билатерални средби и сл.

Новинарите во 2009 година се согласиле околу Декларацијата за антикоруптивно однесување. Во неа јасно е утврдено што се корупција и мито во новинарската професија и во кои форми тие се јавуваат.

За директна корупција се смета давање, примање и изнудување незаконска материјална или друга добивка за остварување корист за новинарот или за медиумот.

  • За индиректна (скриена) корупција се сметаат: организирање патувања, семинари, советувања. Протежирање на одредени новинари и редакции како придружба на официјални делегации;
  • Како можни извори на корупција се сметаат: носители на јавни функции, избрани и именувани функционери, стопанственици, политички партии, образовни, здравствени, верски, спортски и културни организации, владини и невладини организации, медиумски куќи и поединци;

Новинарите честопати наидуваат и на поблаги форми на скриена корупција како што се понуди за ручеци или вечери, бесплатни телефонски услуги, мобилни телефони и други материјални добра и услуги. Ваквите подароци несомнено можат да ги стават во искушение професионално да известуваат за субјектите кои им ги нудат ваквите бенефиции.

Oвој новинарски текст/новинарска сторија е подготвен од авторот Сефер Тахири ангажиран од Советот за етика во медиумите во Македонија со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој новинарски текст/новинарска сторија му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

 

Related posts

Грција: Нов политички пејзаж

admin

ЕУ воведува санкции и за земјите кои ги заобиколуваат санкциите кон Русија

admin

Саразин: Не го „мачев“ Мицковски, уставните измени да се изгласат час поскоро

admin

Камала Харис е очигледен наследник на Бајден, но некои демократи не се оптимисти

admin

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin

ВО ДЕВЕТТИОТ МЕСЕЦ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

admin