19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Новинарот на АЈ го изгуби и синот-новинар

Хамза Дахдух, најстариот син на шефот на бирото на Ал Џезира во Газа, Ваел Дахдух, е убиен во израелски ракетен напад во западниот дел на Кан Јунис, Газа.

Во нападот загина и новинарот Мустафа Тураја, кога возилото со кое патувале во близина на Ал-Маваси, наводно безбедно подрачје на југозапад, било погодено од проектил. Третиот патник Хазем Раџаб е тешко повреден.

Според извештаите од дописниците на Ал Џезира, возилото на Хамза и Мустафа било цел додека се обидувале да интервјуираат цивили раселени од претходните бомбардирања.

Амер Абу Амр, фоторепортер, во објава на Фејсбук рече дека тој и друг новинар, Ахмед ал Бурш, го преживеале нападот.

Ваел Дахдух (53) беше заштитно лице на 24-часовното покривање на Ал Џезира за оваа војна и претходните рунди на борби за милиони гледачи кои зборуваат арапски ширум регионот, речиси секогаш се појавуваше во етер со сина кацига и јакна што ја носеа за да се идентификуваат новинари на палестинските територии.

Дахдух известувал за офанзивата кон крајот на октомври кога добил информација дека неговата сопруга, ќерка и уште еден син биле убиени во израелски воздушен напад. Неговиот внук, ранет во истиот удар, почина неколку часа подоцна. Телевизијата со седиште во Катар подоцна емитуваше снимка на која тој плаче по телото на својот син додека сè уште го носи неговиот син елек за печат.

Related posts

Белгија: Изборната кампања ќе го скрати претседавањето со ЕУ

admin

ВЛЕН најави голема промена: Професионалните испити и лиценци на албански јазик

admin

НОВА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ БЕЛАНОЦА И ГРЧЕЦ?

ninja

Како дојде до распад на германската владеачка коалиција

admin

Историски железнички договор за поврзување на Скопје и Софија

admin

Сите посочуваат виновник за високите цени, никој не го санкционира

admin