28.8 C
Скопје
15 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗАНАСЛОВНА

ЗИГЗАГ: ОМРАЗАТА КАКО АДУТ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

Размислувам: Во поинакви времиња, судбината на Бујар (колку “грешат“ Англичаните кога неговото име го изговарат Буџар) Османи ќе беше како она на Неџат Аголи од АСНОМ кој бил маченички убиен по ослободувањето и по формирањето на тогашната, ми се чини, Социјалистичка Федеративна Народна Република Македонија.

 

Пишува: Сељадин ЏЕЗАИРИ

 

“Омразата наша насушна, дај ни ја денес за да победиме на избори!”

Да, токму вака, чинам, размислуваат закоравените партиски комесари кои сметаат дека играњето на националистичката карта ќе ги казни “душманите” и ќе им ја донесе толку посакуваната победа! А таман помислив дека новото раководство на “најмакедонската партија” и живите “основоположници” на денешнава држава наша, дефинитивно еднаш за секогаш, кренаа раце од сеење на семето на меѓуетнички раздор!

„О, Господе, разумот наш насушен, дај ни го денес!”

А зошто се однесуваат така?

Од немајкаде! Од немање алтернатива! И од (пре)голема желба и жед за власт! Сето ова е разбирливо! Да не се работеше за историски бугарско-македонски препукувања!

Но во сето ова да ги внесуваат “клетите Шиптари”?

Нас кои од Крушевската република, од АСНОМ па наваму, кои бевме рамо до рамо со нашите комшии! Во добро и во зло! Патем, нели Албанците секогаш имаа разбирање, како за каузата на “најмакедонската партија” и на живите “основоположници” на денешнава држава наша, како мултиетничка и мултиконфесионална?

Да, историјата се потвторува! За победниците и губитниците!

Разбирливо е настојувањето и трката за идното авторство! Се чудам и некако не можам да ја разберам тесноградоста на оние кои немаат доблест да се помират со реалната состојба: толку сме, колку што сме!

“Со сила не се оди во рајот“ – рекол одамна еден знаменит левичар, а овие современите наши како да не се помируваат со реалноста дека и потомците на старите Римјани уште во минатиот век не се вознемирувале од тогашната пцовка, во тензичниот случај околу Трст, која оприлика гласела: “Таљани, жабари, мајку вам бугарску!“

Е сега, во сегашниот случај, Бугарите ни се тука!

И не само тие! И “клетите Шиптари!“

Не знам зошто овој Еди Рама ни се вмеша во внатрешните работи, наши, кога оној Александар Вучиќ ни го прави истото

Размислувам: Во поинакви времиња, судбината на Бујар (колку “грешат“ англичаните кога неговото име го изговарат Буџар) Османи ќе беше како она на Неџат Аголи од АСНОМ кој беше маченички убиен по ослободувањето и по формирањето на тогашната, ми се чини, Социјалистичка Федеративна Народна Република Македонија.

Случајот “Бугар“, освен што  слови како еден од најуспешните регионални шефови на дипломатијата, во суштина е слика и прилика на дискурсот кој владее кај закоравените македонско-партиски комесари од редовите на “најмакедонската партија”, и кај живите “основоположници” на денешнава држава наша.

Related posts

Синдикатот на М-НАВ обвинува за инцидент, МВР истражува

admin

По терористичкиот напад се огласи Путин: Сите ќе ги казниме

admin

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

Драстично намален бројот на невработени млади

admin

Ескобар доаѓа во С.Македонија – дали американците ќе ги туркаат напред евроинтеграциите?!

admin

Путин вети дека ќе го победи Вагнер додека бунтовниците напредуваат кон Москва

admin