10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДАУТИ УВЕРУВА: НЕМА ДА ИМА НЕДОСТИГ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Бизнисменот Џемали Даути поканет во вечерашната емисија „Економски Магазин“ ги уверуваше граѓаните дека нема да има недостиг од прехранбени производи. Даути дури рече дека ќе почне и намалувањето на цените, подвлекувајќи го во овој случај намалувањето на прекуокеанскиот транспорт, пишува Алсат, пренесува Кдполитик.

„Мислам дека нема да дојдеме до таа ситуација, ќе има делумен недостиг на производи. Напротив, има сигнали дека цената на некои производи, како што се споменува цената на пилешките батаци, или пилешкото, дека цената веќе почнала да паѓа. Паѓа на берза и нормално е што дури и трговците овде ја прилагодуваат пазарната цена. Почнаа да паѓаат цените на трансокеанскиот транспорт, транспорт што го плативме од Индонезија до Солун 8 илјади долари, сега плаќаме 4500-5000 долари, од таму доаѓаат и прехранбените производи. Има надолен тренд, како што има тренд на опаѓање кај нафтените деривати, има тренд на намалување и кај транспортните линии… Ќе има доволно залихи, нема да има недостиг… Кај нас проблемот што бара решение е цената на енергенсите струја“, рече Џемали Даути, бизнисмен.

„Даути-Комерц“ е водечка компанија во областа на дистрибуција на производи за широка потрошувачка во Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. Пред извесно време ја прослави 30-годишнината од основањето, додека денес е моќен бизнис конгломерат, присутен во 4 балкански земји, со над 800 вработени, со добавувачи од 82 земји во светот и меѓу 50-те најмоќни компании во Северна Македонија.

„Даути-Комерц“ има софистицирани дистрибутивни центри во Сарај, Скопје, со простор од над 22.000 метри квадратни, во Тетово со 3.000 метри квадратни, во Струга со 1.500 метри квадратни, во Драч (Албанија) со 3.000 метри квадратни, во Феризај ( Косово) со 15.000 метри квадратни и во Подгорица (Црна Гора) со 5.000 метри квадратни. Сестринската компанија „Даути-Транспорт Шпед“, лоцирана во Северна Македонија и Албанија, располага со возен парк од 60 камиони и 11 канцеларии за шпедиција.

Седиштето на целиот конгломерат „Даути“ се наоѓа во Сарај, Скопје, со административен простор од 4.500 метри квадратни.

Related posts

ЕУ ПОВИКУВА НА СМИРУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ СОФИЈА И СКОПЈЕ

ninja

Зеленски разочаран од НАТО, се среќава со Бајден

admin

350.000 евра во ѕид, судија на боледување: Судскиот совет решава за имунитетот на Ристов

admin

Репортажа на Гардијан: Кафе, килими и повикот за молитва – патување до Северна Македонија

admin

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти, Таравари открива детали

admin

ВИДЕО | Автоматски воздушно такси веќе на продажба

admin