28.8 C
Скопје
15 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

По дводневната средба на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, копретседваачот од македонската страна, Драги Ѓоргиев изјави дека имале напорна и тешка средба и два дена дискутирале само за македонските учебници по историја за седмо одделение.

Според него, имало позитивна и конструктивна атмосфера, но очигледно разликите се во толкувањето на изворите од средновековната историја и тоа прави да имаат различен пристап во препораките за учебниците.

„Тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата“, рече Ѓорѓиев и додаде дека не сака да ги коментира тврдењата на бугарската страна за едностран пристап во комисијата.

Дебатата, како што рече за бугарските учебници е завршена и за нив има 7 препораки. Сега дебатата била за Охридската архиепископија и бугарската страна, според него, бара да се промени начинот на кој што е претставена во македонските учебници. Ѓорѓиев рече дека биле блиску до решение и имало оптимизам.

„Можно е да се постигне договор. Ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж да дискутираме следната година“, додаде тој.

Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Ангел Димитров потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија и изјави дека и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.

„Јас разбирам дека тоа е многу важна тема, и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави“, кажа Димитров.

Во однос на забелешките на членови од македонскиот дел на комисијата дека бугарските колеги го спорат макеоднскиот јазик и идентитет, Димитров кратко одговори дека „тоа нема никаково значење и не е тема на разговор“.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Related posts

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР ПЕЛЕ

ninja

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

Мицкоски – Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето

ninja

Епидемија на недоверба: Граѓаните разочарани од институциите, покажа новото истражување на ИКС

admin

Ако сакаа функционерите уште во март можеа да си ги намалат високите плати

admin