28.9 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В НЕДЕЛА ИЛИ ПОНЕДЕЛНИК

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе одржат средба в недела на 20 ноември или најдоцна в понеделник на 21 ноември, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од сигурни извори во Брисел.

Точниот датум ќе зависи од потврдата на лидерите, односно, како што велат европски извори, од логистиката и достапноста на страните.

Ако средбата се одржи в недела, таа ќе биде попладне, а ако се одложи за понеделник, тогаш лидерите ќе се сретнат претпладне.

Средбата на двајцата лидери ќе се одржи пред почетокот на примената на одлуката на косовските власти за казни за сопствениците на возила со српска регистрација.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на 14 ноември предупреди дека решението за табличките треба да се најде пред 21 ноември.

Претходно денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано потврди дека Брисел ги поканил лидерите на состанок и изрази надеж дека средбата ќе се одржи „многу наскоро“.

Односите меѓу Белград и Приштина се затегнати поради неодамнешната одлука на косовската влада да започне со спроведување на одлуката за укинување на регистарските таблички издадени од српските власти за возилата што главно ги користат Србите на северот на Косово.

Related posts

Каде е Скопје меѓу „победниците на денот“ во Тирана?

admin

Изборите во Косово ја бришат опозицијата: Курти добива апсолутна предност

admin

Вештачката интелигенција станува национална опасност, може да служи како алатка за терористите

admin

Фридрих Мерц избран за канцелар на Германија во вториот круг на гласањето

admin

МОСКВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ ВРЗ ДРЖАВИ ОД НАТО

ninja

Иран возврати: Американски бази под ракетен напад по новите удари на САД

admin