17.8 C
Скопје
27 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

Прашањето на корупција во Северна Македонија како да станува главна точка во политиката на американската администрација кон земјата. Тоа, освен со зачестените изјави од американски дипломати за потребата од динамизирање на бобрата против корупција, се потврдува и со претстојната посета на Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот, на Скопје закажана за идната среда.

Во соопштението со кое се најавува неговата регионална мисија, во делот за земјава, стои „Тој ќе патува и за Северна Македонија каде ќе се сретне со претставници на владата за да разговара за низа прашања вклучувајќи енергетика, економија и борба против корупцијата“.

Ова упатува на тоа дека прашањето на корупција ќе биде во приоритетните теми за кои Шоле ќе разговара со врвот на владата. Посетата на високопозициониран функционер во хиерархијата на Стејт департментот, кој според најавите, ќе биде придружуван од заменикот-помошник државен секретар Габриел Ескобар, доаѓа во период на сериозни критики од Вашингтон за состојбата со коруцпијата во земјава.

Прво новата американска амбасадорка, на стартот од нејзиниот мандат, прати остра порака.

„Намалувањето на корупцијата е важно зашто корупцијата, во која било форма, ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство“, изјави Анџела Агелер на одбележувањето на 30-годишнина од партнерството на УСАИД со Северна Македонија.

Само неколку дена подоцна, Агелер обелодени значајна информација – за засилени напори на Вашингтон во справувањето со корупцијата.

„Тим за санкции од Вашингтон е тука за поагресивно да ги види минатите и сегашните корумпирани актери и да размисли за сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.

Најавата за доаѓање тим американски експерти за помош во антикорупциската борба го поздрави политичката елита. Експертската јавност тоа поинаку го перцепира.

„Во принцпип ја поздравуваме како добредојдена секоја активност насочена кон борба против коруцпија, а ова посебно зашто секое укажување од меѓународниот фактор, вклучувајќи го и американскиот не се земаа сериозно за самите да си ги завршиме домашните задачи и сега ни се случи ова што ни се случи. За нас е поразително зашто не сме си ги завршиле домашните задачи“, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Сличен е ставот и на шефот на државата Стево Пендаровски, дека антикорупциското досие на земјата е слабо и дека не постои домашен капацитет за спроведување ветинг на судиите и обвинителите.

Дополнително, истражувањата покажуваат дека довербата на граѓаните во правосудниот систем е на исклучително ниско ниво од само 8 проценти.

Related posts

Еден чекор напред – два назад за уставните измени

ninja

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

МАКЕДОНИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД, ЦРНА ГОРА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ

ninja

ИНФОГРАФИК Мажите најкратко живеат, годините на КОВИД-19 со поголем број на умрени

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шири хистерија, а во амбасадата на САД “преди како маче”

admin