17.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КАКО СЕ ОДВИВАЛА ШЕМАТА ЗА ПОТКУП НА „ТАБАНОВЦЕ“КАКО СЕ ОДВИВАЛА ШЕМАТА ЗА ПОТКУП НА „ТАБАНОВЦЕ“

Службеници на преминот, според обвиненијата, за подарок од 5 до 30 евра пропуштале возила што немале зелен картон или други неопходни документи. Дел од нив се гонат за злосторничко здружување и земање поткуп.

Полициските проверки на граничниот премин „Табановце“ изминатите денови открија организирана група која земала поткуп за пропуштање на патници. Според полицијата и обвинителството, службеници на преминот за подарок од 5 до 30 евра пропуштале возила што немале зелен картон за влез и за излез од државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Заработката ја делеле со командирот, кому секој месец му давале по 150 евра. Со истрагата се опфатени 12 лица. Злосторничко здружување,примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување – ова се делата коишто им се ставаат на товар на осомничените.

Девет лица беа уапсени во полициската операција на граничниот премин „Табановце“, меѓу нив командирот, заменик командирот на смена и шест полициски службеници. Акцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во неделата (25.12) беше спроведена во соработка со обвинителството за организиран криминал и корупција. Тројца од приведените полицајци и цариници на граничниот премин „Табановце“ добија 30-дневен притвор, за двајца е одреден осумдневен притвор, а за еден мерка куќен притвор. На останатите три лица им се одземени патните исправи како мерка на претпазливост.

Табановце
Службениците за одредена парична награда, подароци и поволности, ги пропуштале патниците, без да бидат извршени неопходните проверкиФотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Шемата функционирала две години

Шемата на групата, според сознанијата на истрагата, функционирала повеќе од две години. Сѐ започнало во септември 2020 година, кога била формирана групата во која секој имал точно утврдена улога. Станува збор за лица од Куманово, освен еден којшто е од Кратово, на возраст од 23 до 47 години. Тие за одредена парична награда, подароци и поволности, ги пропуштале патниците, без да бидат извршени неопходните проверки.

При претреси на работните места, но и во нивните домови и други простории, полицијата тврди дека е пронајдена поголема количина на пари, предмети и подароци. „Подароците“ во кеш биле криени во кутии од цигари, метални садови и слично. Според податоците од МВР, пронајдени се околу 20.000 евра.

Related posts

Кој на граница ги малтретираше и ги соблече мигрантите и ги врати назад во Македонија?

admin

Џафери кажува колку ќе трае собраниската седница за уставните измени

admin

Вучиќ и Орбан ги набљудуваа воените вежби во Србија

admin

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

admin

Зошто пред земјотресите се појавува чуден светлосен феномен?

admin

ЕДНА ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА ВЧЕРА ОБЕЗБЕДЕНА ОД УВОЗ

ninja