18.8 C
Скопје
13 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МЕЦОЛА – РАЗГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО ЕУ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ ГОДИНАВА

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола повика Украина да започне преговори за членство во Европската унија уште оваа година. Тој ги повика сојузниците на Киев да ги зголемат испораките на оружје за украинските вооружени сили кои продолжуваат да се борат против неиспровоцираната инвазија на Русија.

Мецола се состана со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и други високи украински претставници на 4 март за време на посетата на западниот град Лвив.

„Се надевам дека преговорите за пристап може да започнат веќе оваа година. Иднината на Украина е во Европската унија“, рече Мецола по нејзината средба со Зеленски.

Украина доби статус на кандидат во јуни, четири месеци откако Русија ја започна инвазијата. Тогаш Зеленски рече дека станува збор за „историски“ чекор, иако преговорите може да траат со години.

По официјалниот почеток на преговорите, Европската комисија ќе треба да процени дали Киев ги исполнува критериумите за членство во ЕУ во однос на доброто владеење, искоренувањето на корупцијата, демократските слободи и владеењето на правото.

Мецола го пофали напредокот на Украина.

„Темпото со кое владата напредува во апликацијата за ЕУ ме импресионира“, рече таа.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и шефот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. 04.03.2023 година
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и шефот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. 04.03.2023 година

Мецола, исто така, ги повика западните сојузници на Украина да ја зголемат испораката на оружје за украинската војска, а исто така се залага за испорака на модерни воени авиони во Киев.

„Земјите членки треба сериозно да размислат за испраќање борбени авиони во Украина“, рече Мецола.

Таа, исто така, разговараше со Руслан Стефанчук, претседател на украинскиот парламент, Врховната Рада.

Related posts

Вучиќ: Курти поттикнува нестабилност и во Северна Македонија

admin

Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

admin

Скандалозен прекин на емисијата “Само вистина”, Мирчевски го избрка Рамадани од студиото

admin

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ИЗМЕСИ ЛЕБ И БУРЕК

ninja

Сарацин со директна порака: Ризикувате многу ако не ги изгласате уставните измени

admin

Се редат дипломатските пазли во Скопје

admin