33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Без кацига, дозвола и со голема бучава – санксионирани 52 возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (10.05.2023) во периодот од 11.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 203 други видови на сообраќајни прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта”, се вели во соопштението на МВР.

Related posts

Приведен вдлешанец: Откако му најдоа кеш, се обидел да ги поткупи полицајците

admin

Познато име се поврзува со убиството на Вања, тој е надвор од државата

admin

Полициска акција во Тетово, приведени две лица

admin

Разбиена група на крадци, приведен е еден член

admin

Ја ограбил продавницата во Куманово, ден потоа фатен од полицијата

admin

Кривична пријава против двајца полицајци од Ќафасан

admin