37.8 C
Скопје
12 јули, 2024
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Платите на вработените во јавниот сектор ќе растат системски

Платите на вработените во јавниот сектор ќе се дефинираат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции и Oпштиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за системско решавање на динамиката на раст на платите на вработените во јавниот сектор.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите на која потенцира дека донесувањето на Законот за плати е подолгатрен процес, но дека процес кој е на повидок за да се заокружи е донесувањето на Општиот колективен договор кој ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.

„Оптшиот колективен договор е прашање за кое се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет. Минатата недела имавме состанок и оптимист сум во однос на изноѓање решение. Имаше два предлога, основицата да биде минималната плата или просечната плата. И двата се прифатливи за нас. Тоа е голема реформа, која не се одвива во една година и треба да има транзициски период“, истакна министерот Бесими.

Министерот потенцира дека кое и да се прифати решението треба да биде одржливо, да обезбеди достојни и пристојни плати за вработените и да се штити животниот стандард и инфлаторните движења. Како што се воспостави системи со минимaлната плата и пензиите, така и кај платите на вработените во јавниот сектор ќе се воспостави систем во кој растот на платите ќе ги земе предвид трошоците на живот и перформансот на економијата, односно просечната плата.

„Во изминатите години има раст на платите во повеќе сектори во јавниот сектор и со системското решение ќе продолжи тој раст на платите“, рече министерот за финансии кој додаде дека решението за раст на платите треба да се применува од наредната година, бидејќи сите реформи што се спроведуваат треба да бидат предвидени во среднорочната рамка.

 

 

Related posts

По победата на Ердоган Турската лира падна на ново рекордно ниво

admin

ММФ прогнозира раст на македонската економија од 1,4 отсто

ninja

Корупцијата – круцијален проблем и болка за граѓаните, а јавните набавки „плодна почва“ за нејзино распространување

admin

Европската комисија го истражува договорот за гас меѓу Бугарија и Турција

admin

Во Албанија откриена високо квалитетна нафта, ШЕЛ ги прави последните тестови

admin

Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот

admin