19.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Рација во Седларце и Боговиње, приведени странски државјанки од Албанија, Белорусија и Русија

Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане, информира МВР, пренесува Инбокс7.

„Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија. Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци“, се вели во соопштението на МВР.

Related posts

Ердоган: Патот до посилна Европа минува низ Турција

admin

ЕУ усвои 16-ти пакет санкции против Русија на третата годишнина од инвазијата врз Украина

admin

Избришете ги овие апликации од телефонот – ризиците се премногу големи

admin

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

admin

Кога ќе се врати во С.Македонија? Еве што вели Груевски

admin

ОСМАНИ: БУГАРИЈА ПОТКЛЕКНА ПРЕД ПРОВОКАЦИИТЕ

ninja