18.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Изет Меџити со остри критики кон раководството на ДУИ: 2-3 луѓе решаваат за се

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ, и потпретседател на партијата, кој е предводник на “огнената” група, а вечерва од студиото на ТВ21 упати сериозни критики кон раководството на ДУИ. Според него, во партијата има целосна анархија, не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството, не се дебатира во партијата за важни теми, се закажуваат тајни состаноци.

„Ова е сосема различно ДУИ од тоа што ние го познаваме. Одлуките ги носи Артан Груби сам, и „де факто“ тој е лидер на ДУИ, а не Али Ахмети“, рече Меџити.
Тој рече дека ДУИ денеска е на исто ниво како во ВМРО-ДПМНЕ во времето на Сашо Мијалков.

 

„Во ДУИ денес одлуки носат само 2-3 луѓе. Имаат апсолутна власт. Доколку некој има различно мислење од тие 2-3 луѓе следува реваншизам. Ја користат моќта за да ги замолчат тие што размислуваат поинаку. Ги интересираат само бизнис зделки и ништо друго. Ова ДУИ се повеќе личи на ВМРО ДПМНЕ на Мијалков и ДПА на Тачи од 2008 година“, кажа Меџити.

 

Related posts

Голема полициска акција, пронајдени хероин, кокаин, украдени ексклузивни часовници и златен накит

admin

Уште 5 години на власт, Ердоган го надмина и Ататурк

admin

СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ПРЕД ДА СТАПИ НА СИЛА

ninja

Курти го обвини Лајчак дека ја држи страната на Србија

admin

„Големото уво“ остана неказнето

admin

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja