2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шири хистерија, а во амбасадата на САД “преди како маче”

Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека предвремени избори нема да има а уставните измени ќе бидат усвоени во ноември, пренесува Инбокс7.

Во вечерашното гостување на Канал 5, Ковачевски уште еднаш порача дека сите политички партии треба да го поддржат зачленувањето на земјава во ЕУ.

“Секогаш верувам дека стратешката цел е остварлива. Уставните измени ќе бидат доставени пред летото. Формирана е работна група во Министерството за правда каде што претставници на политичките партии и експерти од академијата и уставното право веќе почнаа со работа и подготвување на предлог амандманите, кои потоа ќе се најдат и на јавна расправа со стопанските комори,…, а потоа и во собраниска процедура пред политичките партии. Во ќор сокак не може да дојдеме зашто еден ден ќе имаме 80 пратеници. Предвремени избори нема да има. Прво ќе има претседателски, во втора половина на март, а потоа, во втората половина на јуни, ќе бидат и парламентраните. Мицкоски имаше понуда, да ги изгласаме уставните измени па да одиме на избори”, истакна Ковачевски.

Според него, претставниците од ВМРО-ДПМНЕ во јавноста шират хистерија, а во Амбасадата на САД „предат како мачиња“.

Ковачевски во интервјуто се осврна и на економската сфера. Укажа дека Владата ги покачи минималната и просечната плата, најави ново зголемување на пензиите, потсети дека земјава во моментов има најмногу странски инвестиции и прв пат е воведена домашна берза на електрична енергија.

 

 

 

 

Related posts

„Што направивте за 20 години?“ Османи одговори со 32 точки за ДУИ

admin

Бугарски европратеник со порака до Скопје: Не е доволен Брисел, потребна е доверба и во Бугарија

admin

ЕУ и Индија постигнаа историски трговски договор по две децении преговори

admin

Уставните измени се само една од можните сопки кон влезот во ЕУ

admin

Учебниците и оваа учебна година ќе доцнат, постапките биле комплицирани и долги

admin

Мицкоски и коалицијата го туркаат новиот Изборен законик, Филипче се закани: „Ќе го блокираме!“

admin