12.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Коњановски: НЕ на корумпираната влада на СДС и ДУИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски на средба со граѓаните во акцијата “Ова е Македонија за сите” во организација на ВМРО-ДПМНЕ, повика на масовно излегување на следните парламентарни избори со цел “да се урне корумпираната власт на СДС и ДУИ”..

“Заедно да си ја споделиме маката која сите ја носиме посебно во делот на распродавањето на националните интереси на оваа наша заедничка држава. Но и да се запознаеме со проблемите кои што ги имаат посебно во овој дел на плодна Пелагонија во делот на субвенциите кои ги имаат, или споредбата како било, како е денес”, изјави Коњановски.

Коњановски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има кадар и потенцијал да ја подобри ситуацијата во руинираното здравство и иселувањето на младите од државата.

“На следните избори сите граѓани мора референдумски да излезат и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се стави крај и да се каже не за оваа корумпирана и ненародна влада на СДС која што не само што не ги штити националните интереси, туку и го разнебитува и она кое што остана малку од неа.”

 

 

Related posts

Во Струга претепан етнички Бугарин, партии во Софија бараат активирање на ветото за РСМ

admin

Трошоците за живот се зголемуваат секој месец, а платите еднаш годишно

admin

ДАЛИ „СТРАНСКО ТЕЛО“ ЌЕ ГО ОПРАВИ МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО?

ninja

Рама за ФТ: НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово

admin

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

ВМРО-ДПМНЕ се спрема за “Пржинската влада”, нема да го гласа Џафери за премиер

admin