27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНАХРОНИКА

Ужасен случај: 14-годишна натерана на секс со возрасни, се согласила да ги спаси помалата сестра и брат

Имала само 14 години кога се соочила со суровоста на животот. Две години било продавано за сексуални услуги, без притоа да се зема предвид нејзината возраст на дете.

Таа била жртва на негувателка, која ја нудела на возрасни лица за сексуални услуги  за што Обвинителството за гонење на организиран криминал отвори истрага против 11 луѓе од Тетово и Гостивар за „трговија со дете“.

Според наредбата за истрагата, првосомничената која прифатила да чува три деца жртви на нарушени семејни обврски, ја злопотребила немоќта на најстарото 14 годишно дете и заедно со други осомничени две години и го принудувала на секс за пари со другите осомничени луѓе.

Првоосомничената му се заканувала на 14 годишното дете дека ако не прифати да има секс со дел од осомничените, помалата 10 годишна сестра и 7 годишен брат ќе ги испрати во дом или ќе ги врати кај нивната мајка.

„Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Во наредбата за истрага е наведено дека осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им плаќање од 50 до 200 евра.

Обвинителот побара од Кривичниот суд да изрече мерка притвор за приведените 10 од 11 осомничени затоа што смета дека постои ризик од бегство, како и можност да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија е запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години.

Претходно МВР соопшти дека приведени се 10 луѓе за трговија со дете, а еден осомничен е во бегство.

Related posts

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

admin

Мицкоски: Доаѓа времето на македонската иднина – горда и европска

admin

Бугарски лекари нудат бесплатни лекарски прегледи во Мала Преспа

admin

Дали Груби ќе игра фудбал во кабинетот е работа што треба да ја знае Џафери како премиер

admin

Што не очекува во 2024 година?

admin

Нови правила за судските и обвинителските службеници: Владата вели реформи, опозицијата гледа контрола

admin