16.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бојер: “Црната листа” е поттик за владеењето на правото во С.Македонија

Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, рече заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски, пренесува Инбокс7.

Со цел да поттикнат справување со слабостите во владеењето на правото, САД минатата недела го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамис Мерко поради вклученост во значајна корупција.

Борбата против корупцијата на Западен Балкан е во центар на агендата на претседателот на САД Џо Бајден уште од почетокот на неговиот мандат, велејќи дека претставува закана за националната безбедност.

Го прашавме Бојер дали верува оти корупцијата во Македонија е закана за нејзината национална безбедност.

„Ќе оставам на моите колеги од Стејт департментот да зборуваат за политиката и политичките напори што ги имаме со Северна Македонија. Она што можам да го кажам од страната на Одделот за одбрана е дека го гледаме нашиот однос како расте и како вистинска основа за севкупните билатерални односи. Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно“, вели Бојер.

Пентагон, за време на ланската посета на Вашингтон на министерката за одбрана Славјанка Петровска, рече дека работи со македонското Министерство за одбрана на агенда на институционални реформи како основа да се обезбеди „клима во која корупцијата не може да напредува“.

На прашањето да ги искоментира овие реформи, Бојер рече:

„Би рекол дека Пентагон многу придонесува за развојот на Северна Македонија и кон модернизација во целост, и тоа е нешто што го гледаме како важно во однос на нивната способност да придонесат за Алијансата, за регионалната безбедност. Така што мислам дека напорите за обука што ги имаме, вежбите што ги правивме заедно, она што го правиме за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да продолжи да ги развива своите вооружени сили, тие се работи кои ги гледаме како важни во целина“.

Related posts

СДСМ ја одбива „ракавицата“ на Мицкоски: Нема да бидеме алиби за предвремени избори

admin

Нов раскол во ЕУ: Мадрид се дистанцира од францускиот план за построг однос кон Кина

admin

Ормускиот теснец гори: САД тврдат дека уништиле 16 ирански бродови

admin

Како да се примени теоријата на меѓународни односи во пракса

admin

Пластичните кеси и пластичната амбалажа полека заминуваат во историјата

admin

„Мазут“ повторно ја тресе политичката сцена — Левица и ВМРО удрија по обвинителите

admin