17.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ слави 33 години постоење, Мицкоски: Доаѓаат подобри времиња

“Доаѓаат подобри времиња!”, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прославата на 33-годишнината на основањето на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, се појави и беше создадена токму пред изборувањето на независноста и во моментите кога тој оган требаше да се предаде на следната генерација. “А времето е најдобар одговор дека многу издржавме, ги поминавме најсилните потреси, и дека идејата не само што е жива туку и победата е наша!”, подвлече тој.

“И она што денес, по 33 години од создавањето ќе го кажам во името и за честа на сите наши херои, жртви од минатото, во името на чесниот и работлив народ кој си ја сака државата и Македонија – Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!!!”, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека паттијата е пред прагот на промената која требало да ги оствари надежите поради кои ја води оваа битка. “Пред прагот сме на промената која сакате сите вие да ја видите и ја чекате шест години. Пред прагот сме да почнеме да ја создаваме иднината поради која вреди секоја наша борба и жртва!”, подвлече Мицкоски.

Related posts

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија на Земјата по рекордна мисија околу Месечината

admin

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin

Северна Македонија мора да го модернизира системот на ЈПП за подобри услуги и инвестиции

admin

Мицкоски по средбите со Макрон и Мерц: ЕУ ги разбира нашите позиции

admin

Кривична пријава против двајца полицајци од Ќафасан

admin

Патот кон ЕУ е тежок, но без алтернатива за Западен Балкан

admin