0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Дипломатите не не разбираат кога ни велат да попуштиме за бугарските барања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека странски дипломати не ги разбираат Македонците кога се обидуваат да ги убедат да попуштат пред бугарските барања, пренесува Инбокс7.

“Има и неколкумина од Европа кои велат интеграцијата е најважното прашање. Се согласувам дека е важно, но дојдете во Македонија да видите дека половина милион живеат во сиромаштија, повеќе од 30 илјади живеат во екстремна сиромаштија, со инфлација каква што нема никаде во Европа, заглавени во чекалницата пред истата таа Европа. Ова е реалниот живот!”, рече Мицкоски на трибина во општина Аеродром.

Тој додаде дека разни дипломати, претставници на странски земји му велат зошто не попуштите пред барањата на Бугарија. “Дојдете господа во Македонија Дојдете да видите кои се нашите борби и кои се нашите страдања. Да ја разберете нашата историја и да го чуете народот што мисли и како лелека”, подвлече Мицкоски.

Тој рече дека има и такви кои му велат дека ниту една земја не се изгубила на патот кон интеграцијата. “Дојдете господа во Македонија! Дојдете да видите дека ниту една друга држава не го отстапила својот идентитет, јазик и име како што тоа го направи оваа држава.”, рече Мицкоски.

 

 

Related posts

Зголемена просечната плата

admin

НАЈСКАПИОТ КИЛОМЕТАР ОД КОРИДОРИТЕ 8 И 10-Д ЌЕ ИЗНЕСУВА 18, 4 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

АНКЕТА: БУГАРИЈА Е ЗАКАНА, А ЕУ Е НЕФЕР И НАДМЕНА

ninja

Организациските директори скапо го „организираат“ здравството

admin

Ќе се намести ли Рубиковата коцка за РСМ?

admin

БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ПОТКОПАНА ОД НЕЕФИКАСНОТО ПРАВОСУДСТВО

ninja