34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Насилна смрт во С.Македонија: Несреќните случаи сочинуваат 78.6 %, самоубиствата 20.2 а убиствата 1.2 %.

Во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486 умрени лица, пренесува Инбокс7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Related posts

Муртезани: Се бара ново решение за прашањето со Бугарија

admin

Мафијашка престрелка во Батинци, еден загинат

admin

Тошковски: За Кочани 31 во притвор, за другите трагедии – молк од институциите

admin

Им се нуди накит од 130 денари за потоа да им се испразнат сметките: Многу граѓани се жалат на Интернет измами

admin

Германски медиуми: За каква иднина се спрема Србија?

admin

Тачи: Кога Европскиот фронт ќе ја напушти масата за дијалог, Северна Македонија ќе се дестабилизира

admin