18.8 C
Скопје
24 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски: НАТО не информираше дека високи фигури на МПЦ-ОА се соработници на Русија

Претседателот на Република С.Македонија, Стево Пендаровски, вели дека во највисокото раководство на Синодот има соработници на Русија.

“Не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни достојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер”, рече Пендаровски во интервју за телевизија 24, пренесува Инбокс7.

Според него, никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но додал дека чудно е што црквата првпат повикува на протест по тој повод.

“Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата”, изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира – за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока општествена дебата.

Related posts

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БИХ: НАЈАВЕНИТЕ ЗАКОНИ НА ВЛАСТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА СЕ РЕПРЕСИВНИ

ninja

СДСМ предлага законски измени и за партиите

ninja

ОМБУДСМАНОТ ЗАТРУПАН СО ПРЕТСТАВКИ ЗА СУДОВИ И ИЗВРШИТЕЛИ

ninja

СРБИЈА РЕАГИРА НА ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО

ninja

ЦЕХОТ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА 2023 Е РЕКОРДЕН

ninja

МЕЏИТИ – ПОВЕЌЕ ИЗЛЕГУВААТ ОТКОЛКУ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО

ninja