30.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

20 години од Солунскиот самит, Османи вели дека сме многу блиску до ЕУ

Две децении од Солунскиот самит го наоѓаат Западниот Балкан сеуште надвор од Европската унија (ЕУ). Но Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека е постигнато многу, пренесува Инбокс7. 

Членството во Унијата е крајната цел но, според Османи, мора да има повеќе интеграција на овој пат, како што напредуваме во процесот на пристапување и исполнуваме критериуми.

“Имаме над 40% усогласеност на нашето законодавство со европското. 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Имаме силно трговско и економско поврзување и нашите стоки и услуги одамна се дел од европскиот пазар, а европските компании се најголемите странски инвеститори во земјава. Висок степен на мобилност преку активната студентска размена – Еразмус+, а граѓаните исто така одамна ја имаат придобивката слободно да патуваат во земјите на ЕУ заради безвизниот режим”, вели Османи.

 

Related posts

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

admin

Трамп за настаните во Сирија: Не е наша борба

admin

Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани: 62 жртви, 34 обвинети

admin

АНГЕЛА АГЕЛЕР ЗА „ЦРНИТЕ ЛИСТИ“: САД знаат дека тие лица биле вмешани во коруптивни активности

admin

Платформата на Државна лотарија останува единствена опција за онлајн коцкање

admin

КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ?

ninja