12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

ВИДЕО Тензично на Косово, приведени 3 полицајци – генералот на КФОР разговара со Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговараше со командантот на КФОР на Косово.
„Фер разговор со командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Ристуча“. Вака напиша Вучиќ на Инстаграм, јавува Инбокс7.

Разговорот доаѓа по приведувањето на тројца косовски полицајци од страна на специјални српски единици.

Косовската полиција соопшти дека во средата попладне при патрола на местото Тресаве/Баре, на граничната линија на северот на Косово, во општина Лепосавиќ биле приведени тројца гранични полицајци.

Според еден српски медиум, станува збор за Рифат Зека, Беќир Сефи и Мустафа Шеми. Тие објавија фотографии и видеа на кои се гледа како тројцата разоружани полицајци лежат на земја, а потоа ги носат со своите автомобили.

„Кај нив покрај оружје е пронајдена и опрема за надзор, радио комуникации и мапи. Медиумите во Приштина веќе ја започнаа веста дека специјалците на Курти биле киднапирани на територијата на Косово и Метохија, но нашата страна има непобитни докази дека тие се уапсени на територијата на централна Србија“, пишуваат медиумите.

Според косовската полиција, тројцата полицајци вршеле патрола „длабоко на територијата на Косово“ за да спречат користење на нелегални патишта, кои според оваа институција ги користат криминалните групи“ за илегално преминување и криумчарење.

Тие најавија дека забележале маскирани и вооружени лица, каде се испратени дополнителни единици на КП, кои штом пристигнале го нашле само полицискиот автомобил.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла изјави дека „Криминална Србија навлегла на територијата на Косово и зела како заложници 3 полицајци на Република Косово“.

„Без сомнение, нашите полициски службеници се стационирани длабоко на територијата на Република Косово, на статичен контролен пункт и ги извршуваат своите редовни задачи. Србија продолжува да биде причина и чувар на злото во регионот и во Косово. Не отстапуваме пред криминалците и терористите. Србија повторно го покажува своето вистинско лице и тоа на автократска и агресивна држава. Бараме од меѓународниот фактор итно да го зголеми притисокот врз Србија не само да ги ослободи нашите полицајци туку и да престане со нејзините провокации“, пишува тој.

 

Related posts

Приведен малолетник, се обидел да одземе паричник од жена

admin

АНГЕЛА АГЕЛЕР ЗА „ЦРНИТЕ ЛИСТИ“: САД знаат дека тие лица биле вмешани во коруптивни активности

admin

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin

Таравари кај Курти: Средба со голема симболика

admin