14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Петковиќ: Опозициските профитери од Белград се подготвени да застанат на страната на Курти

Директорот на Канцеларијата за “Косово и Метохија”, Петар Петковиќ, денеска изјави дека опозициските профитери од Белград, кои би сакале да освојат политички поен за несреќата на народот, се подготвени да застанат на страната на Курти во „дивјачкиот напад на Аљбин Курти врз Србите на Косово и Метохија”, јавија српските медиуми,  пренесува Инбокс7.

„Опозициските профитери од Белград, кои сакаа да соберат некој политички поен за несреќата на народот, денес се испишани на страниците на срамот на српската историја, затоа што испаѓа дека некои поединци на локалната политичка сцена и медиумите што им служат се толку заразени со автошовинизам и омраза кон претседателот Александар Вучиќ рече дека се подготвени да застанат на страната на дивјачкиот напад на Аљбин Курти врз нашиот народ на Косово и Метохија и против сопствената земја и претседателот“, рече Петковиќ.

Тој посочи дека “тоа се истите луѓе кои се криеле под јорган за време на мартовскиот погром во 2004 година и за време на едностраното прогласување независност на нашата јужна покраина, а сега се херои и сакаат да војуваат со НАТО пактот, но со туѓа крв и животи.”

Related posts

Дигиталниот самит на Западен Балкан заврши во Скопје со обврски за регионална поврзаност и дигитален идентитет

admin

Ќе го најдат ли Георгиев и Муцунски тоа што спојува?

admin

Бајден останува во трката за претседател на САД

admin

БОРЕЛ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ninja

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

admin

Трагедија во Кочани: ЕУ мобилизира помош за Северна Македонија

admin