8.8 C
Скопје
16 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ за понудата на ДУИ: Уставни измени со вакви фолирања нема да има

ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и по понудата на ДУИ за колективна оставка од владата предводена од Димитар Ковачевски. 

„Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ туку и СДС да поднесат оставки, ама неотповикливи, и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки“, рече денеска партискиот портпарол, Наум Стоилковски.

Тој додеаде дека „добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност“.

Во однос на изјавата на Артан Груби дека ДУИ е подготвена да се откаже и од првиот премиер Албанец, како столб на нејзината последна изборна кампања, Стоилковски со став: „Мислам дека потешко им е на СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер“.

Related posts

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

admin

Лидерите повикуваат да се избегне ескалација по иранскиот напад врз Израел

admin

Паѓа градежниот бизнис – за една година изградени 530 станови

admin

Ховениер: САД е посветена на партнерството со Косово

admin

Кој се заигрува со заедница на албански општини?

admin

Пратеници од РСМ под кинески „ургенции“ да не одат во Тајван

admin