5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Груби се огласи откако му беше запален автомобилот: Нема да ме заплашите

Првиот вицепремиер Артан Груби се огласи со фејсбук статус откако синоќа беше запален неговото возило од непознати лица. Тој вели дека подолго време се соочува со закани, но истите ги оквалификува како кукавички кои нема да имаат никаков ефект.

Тој им се извини на семејството и пријателите за вознемирувањето кое е резултат на неговото политичко дејствување, но најави дека овие напади нема да го одвратат од неговата намера да им служи на граѓаните.

“Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија.

Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија.

Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите.

Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.

Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.

Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад.

Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!”, напиша Груби на неговиот фејсбук профил.

Related posts

Паѓа поддршката за членство во ЕУ, младите се евроскептични

admin

Европа се вооружува – се гради нова безбедносна архитектура

admin

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

Владата отворена за договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата, но без субвенции

admin

Груби: Али Ахмети ќе ја одредува и идната влада

admin

Политичка напнатост меѓу Варшава и Берлин поради воените репарации

admin