16.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

Пишува: Весна К.

Укинување на патните трошоци за пратениците е едно од ветувањата на власта на Парламентарните избори во 2020 година. Во предизборната програма на СДСМ, како партија од власта, стои -Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието. По речиси три години ваков закон не е донесен, а не се прифатени ниту предлози за укинување или намалување на пратеничи бенифиции поднесени од партијата Левица. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски потврди дека таков закон иако е ветен не е донесен, на Левица предлогот за намалување на некои пратенички привилегии е отфрлен.

„Кога се работи за пари и скратување на привилегии тогаш двете најголеми партии а и остатокот на Парламентот се здружуваат и не блокираат,“ вели Борислав Крмов од Левица.

Според претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓена Тасева, скратувањето на привилигиите кога ќе се дојде на власт се заборава.

Нема патни трошоци за патување до дома но ќе има станови за оние коишто ќе остануваат во Скопје

Во предизборната програма на СДСМ во изборите за 2020 година, меѓу другото беше и ветувањето дека е се укинат патните трошоци за пратениците.

„Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Тоа мора да го промениме и, очигледно, на оваа тема политиката на постепени промени не го даде посакуваниот резултат. Затоа, системот ќе го промениме од корен. Ниту еден пратеник нема да добива патни трошоци за патување од Скопје до дома. Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата, “ се вели во ветувањето во понудената програма.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели дека во претходниот пратенички состав направени се измени во утврдувањето на сумата за патните трошоци-таа сега изнесува 20% од цената на горивата, наместо 30% како што беше во дотогашниот актуелен закон, меѓутоа за ветувањето од 2020 за целосно укинување на патните трошоци воопшто не е споменато.

Според сега актуелниот закон, пратениците што живеат на оддалеченост од 100 километри од Собранието имаат  можност за користење на стан во Скопје за да престојуваат во текот на неделата. За оваа привилегија им се обезбедува и одредена сума -до 400 евра за станарина  и до 100 евра за  комуналии.

Меѓутоа и оваа привилегија многу бргу почна да се злоупотребува, вели Крмов.

„Најголем дел од нив имаат станови во Скопје. Си седат во тие станови а ги изнајмуваат становите коишто им ги плаќа државата. И за тоа никој не сноси одговорност,“ додава Крмов.

Тој потсетува дека од страна на пратениците беше отфрлен и нивниот предлогот за укинување на сумата што ја добиваат пратениците за патарина, што според Левица е незаконски. За ова партијата поведе и иницијатива до Уставниот суд кој пак се прогласи за ненадлежен.

Во иницијативата поднесена од Левица беше наведено дека ваквата привилегија се коси со неколку законски одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието. Таму прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.

Укинувањето на патните трошоци во овој момент, во овој собраниски состав не е можно смета Крмов

„Решение би било да дојде некоја нова гарнитура. Тој менталитет што го негуваме од 1991 година до сега едноставно не може да се надмине и за време кога на власт биле ВМРО-ДПМНЕ и кога на власт биле СДСМ. Ветувањата пред избори се едно, резултатите друго. Единствен начин да се смени менталитетот е да дојдат нови луѓе, со нови сваќања. Во моментов единствено нешто што може да се направи  е да се врши притисок во јавноста. Понекогаш токму поради таков силен притисок, за некои поситни работи, може да се предизвика ретерирање на власта,“ додава пратеникот на Левица.

Една од постојаните заложби на граѓаните е дека политичарите ќе ги ограничат своите привилегии и своите овластувања и во делот на Собранието. Меѓутоа факт е дека постојано се враќаме на истите теми, смета претседателката на Транспаренси Интернешнл Слаѓена Тасева.

„Не се направи напор и покрај сите ветувања, пред се од оние коишто се во власта, кои ја водат политиката дека ќе се ограничат овие привилегии и дека ќе се намалат трошоците на пратениците за нивните потреби за да присуствуваат на своето работно место. Зборуваме за обврска која е законска. Тие се пратеници не само по функција, туку не може да вршат ниту една друга работа. Секој од нас треба да биде присутен на своето работно место затоа што на тоа се согласил. И пратениците треба да добијат ист третман како и  секој граѓанин. Сепак политичките партии постојано го имаат тоа во своите програми, но не го реализираат кога ќе дојдат на власт, “ вели Тасева.

Иако гласаме, ние всушност не ги бираме директно пратениците, додава Тасева

„Се надевам дека и тоа ќе биде некој ден и ќе можеме да бираме луѓе со интегритет, коишто навистина ќе се грижат за јавниот интерес и за државата. Вака, пертиите ги става кандидатите на листа, како пратеници тие се грижат само за партиските интереси а партијата за нивните интереси. Во оваа приказна никој не се грижи за интересите на граѓаните,“ вели Тасева.

Парламентарците со многу привилегии но со никакви одговорност

Во моментов парламентарците со новото покачување, земаат  пратеничката плата во просек од 105.000-110.000 денари. Некои пратеници земаат и до 140.000 денари во зависност од стажот што го имале надвор и во парламентот. Овие суми, ќе растат со растот на просечната плата. Сегашните пресметки се направени на просечна плата од 32.000 денари. Со пораст на просечната плата, ќе расте и платата на пратениците.

Само од наплатата на патните трошоци и сумите за патарина, сума која во просек годишно се движи од 6000-7000 евра,  може секој пратеник да си купи нова кола.

Пратениците всушност не се повикани на никаква одговорност, речиси 99 % не доаѓаат на работа, не мора да доаѓаат на Седници, за тоа само го пријавуваат своето отсуство, не мора да дебатираат, да реплицираат, да изготвуваат и поднесуваат предлог закони и на крај пак да си ја земат месечната плата издвоена од парите на граѓаните.

Related posts

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

admin

ТАРАВАРИ: СЕ ФИНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

ninja

ВАЈСМEН: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ БЕШЕ ЦЕЛ НА ХИБРИДНИ НАПАДИ ОД РУСИЈА

ninja

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

admin

Русија развива антисателитско нуклеарно оружје

admin

“Евергранд” може да стане уништувачка топка за кинеската економија

admin