25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Има ли власта привилегирани општини?

Пишува: Весна К.

Државните пари наменети за општините не се распределуваат соодветно, ниту транспарентно реагираат некои градоначалници.

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во телевизиско гостување обвини за селективен пристап на државните институции

-Некои општини добивале милиони, други ниту денар. Најмногу средства добиваат општините чии што градоначалници се од редовите на паријата на власт, тврди градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.

Според  делчевскиот градоначалник Горан Трајкоски, постојат податоци и секој може да види, која општина каде аплицирала и колку добила.  Општина Делчево редовно аплицирала на објавените повици, но не секогаш и ги добиваат проектите. Зошто општините не реагираа кога државата им ги отпиша долговите, прашува Министерот за Локална самоуправа , Ристо Пенов.

„ Не може во некои општини да се инвестираат од Владата по 5 или 3 милиони, а во општина Кисела Вода за година и пол инвестициите да се нула, вели градоначалникот на оваа општина Орце Ѓеорѓиевски.

Тој во телевизиско гостување обвини за селективниот пристап на централните институции дека наводно им помагаат само на своите миленичиња.

„Не може некој врз лични чувства, убедувања и реваншизам да решава каде ќе инвестира,“ потенцира Ѓорѓиевски.

И градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов смета дека општините селективно ги добиваат средствата од страна на институциите кои се под капата на Власта. Она што е тенденциозно во годината што изминува е практично селекција во секој домен, посебно таму каде што општините бараат средства од програмите на институциите.

„ Очигледна е состојбата дека поддршката ја добиваа општините каде градоначалниците се од редовите на партијата на власт , додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, едноставно немаат поддршка од страна на владините институции,“ тврди градоначалникот на Општина Карбинци, инаку и член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Додава дека во ЗЕЛС се разговара на многу теми што ги засегаат општините, меѓутоа како и за другите теми претходно така и за оваа тема Власта апсолутно нема слух и нема намера да преземе нешто иако тоа е во интерес и на граѓаните и на општините.

Дали некои општини добиле повеќе или помалку пари или воопшто не добиле, лесно може да се провери, во Министерствата и Агенциите, сите што издвојуваат средства, смета градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски која што веќе 6 години е на чело на оваа општина.

„Јас таков податок немам, но знам дека ние за одредени проекти каде што аплицираме добиваме, некаде не добиваме. Се трудиме секогаш да имаме проектна документација , навремена, добро сработена која што би ги задоволила условите за аплицирање и овде кај нас во државата но и за европските фондови. Сега барем се отвораат можности. Ние имаме добиено проекти преку ИПА програмата, со прекугранична соработка со општина партнер од Република Бугарија. Техничката документација што ние ја подготвуваме како локална самоуправа, мора да биде перфектно направена за да ги имаме потребните бодови, да аплицираме и да добиеме,“ вели Трајковски.

Според него има општини коишто имаат свои сопствени средства и воопшто не аплицираат.

„Сега за тоа не може да бараат вина. Јас би апелиралa секоја општина да се потруди да изработи добри проекти, за инвестирање во она што е потребно за општините и граѓаните. Ние како градоначалници мора да знаеме што им е потребно на граѓаните,“ додава градоначалникот на Делчево.

Апсолутно не е точно дека нема рамномерна распределба на средствата од Владата по општините, тврди Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

„Нашиот проблем е што малку средства имаме за дотации кон општините за одредени проекти, но тука се и парите од ЕУ. Општините многу малку ги користат тие можности преку ИПА фондовите, прекуграничните и други европски проекти, како што е пречистителната станица во Скопје што е проект вреден 180 милиони евра, финансиран од европски пари а за што државата е гарант. Во моментов се одвиваат проектите за обезбедување на противпожарни возила во сите региони во Македонија, всушност речиси секоја  општина ќе добие ново возило,“ вели Пенов.

За тоа, зошто недоволно се искористуваат средствата од европските фондови, Пенов смета дека нема иницијатива, нема волја да се изработуваат проекти.

„Исто така не се користат инструментите кои општините ги имаат на располагање да прибираат средства, преку данок на имот, такси за користење на јавен простор, преку наплаќање на загадување, преку цените на комуналните услуги, кои од популистички причини ги држат на ниско ниво па потоа јавните претпријатија им се загубари и во долгови па се спасуваат со буџетски дотации. Сето ова доведува и до немање на доволно средства за инвестиции, за обновување , па и опстанок,“додава Пенов.

Тој праша зошто општините не реагираа кога државата им ги отпиша долговите.

„Владата од претходниот состав им ги отпиша долговите подеднакво на сите општини, преку програмата ТАВ даде пари на општините за нови проекти. Годинашниве програми за регионален развој, за регионални патишта, за екологија , се уште не се ставени во функција, за да можеме да зборуваме  за некаква неправилна распределба,“ вели Пенов.

Извор: skopje.gov.mk

Додава дека тоа многу и не ги поправи работите барем кога станува збор за финансиските состојби во некои од општините, потенцирајки дека локалните раководства повторни ги задолжија општините и вкупниот долг на општините денес е на исто ниво како и пред санирањето на претходните долгови.

„Потребна е поголема одговорност и поголема ажурност во менаџирањето со финансиите,“потенцира Министерот за локална самоуправа.

Во на анализата на Порталб.мк објавена во февруари оваа година дел од општините на годишно ниво ги зголемиле, а дел ги намалиле долговите. Во некои општини, долговите на јавните претпријатија се поголеми од општинските долгови, анализираше Порталб.мк.

Општина Тетово, според висината на доспеаните а неплатени обврски, заклучно со декември лани е најзадолжена локална самоуправа со износ од 13,6 милиони евра. Во однос на 2021 година, податоците покажуваат раст на доспеаните обврски за 100.000 евра. Општина Гостивар ланската година ја завршила со долг од 7,8 милиони евра, поради што оваа општина е во првите 20 најзадолжени на листата. Со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 2,6 милиони евра е Општина Струга. Од останатите општини, позначаен долг во износ од скоро 1,5 милиони евра има Општина Сарај, потоа 1,2 милиони евра пријавила Општина Дебар, додека Општина Липково има долгови во износ од скоро 1,1 милиони евра.

На должничката листа се и општина Боговиње со обврски во износ од 525.000 евра, скопски Чаир има долг од скоро 1,4 милиони евра, општина Арачиново 834.000 евра, а општина Теарце на крајот на декември лани имала доспеани а неплатени сметки во износ од 500.000 евра.

Related posts

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Донесен деловник за уставните измени, формулацијата „20 проценти“ не се чепка

admin

Ковачевски алармира за последиците ако не се случат уставните измени

admin

УЧЕБНИЦИ И НАТАМУ НЕМА, ЌЕ ИМА САМО НОВ ЗАКОН

ninja

Се повлекува ли Ердоган од политиката?

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin