20.8 C
Скопје
15 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Османи: Се што бараше ВМРО-ДПМНЕ го исполнивме, ова е време кога се одредува иднината на државата

“Ова е еден од одлучувачките моменти за една држава и време кога партиските и личните агенди од одговорноста која секој од нас ја носи по однос на иднината на државата. На средбата со претседателот на Владата, лидерот на опозицијата изјави дека би прифатил уставни измени ако ДУИ излезе од владата, веднаш пративме оставки до премиерот којшто слободно може да ги активира во моментот кога ќе се изгласаат уставните измени без да има потреба за нова одлука на партијата”, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ во разговорот во вестите на Телма.

“Сите петмина министри испратени писмени оставки и тие се активираат по автоматизам во моментот кога се изгласуваат уставните измени”, рече Османи.

Откако беа депонирани оставки на министрите на ДУИ во Владата како предуслов за спас од колапсот на донесувањето на уставните измени, опозицијата бара уставни измени со одложено дејство. Истовремено, ја обвини Владата и ДУИ за неискреност, односно фолирање.

„Тоа се прашања кои се утврдени во Брисел и тие не може да се менуваат. Што се однесува до домашната политичка сцена, што друго би побарале од нас како дел од личната политичка жртва за овој важен процес пред којшто се наоѓаме. Дека не е фолирање нашиот политички став, опозицијата може да го тестира ако се изгласаат политичките измени бидејќи тогаш ДУИ во тој момент излегува од владата. Подготвени сме дури да се повлечеме од законската обврска за учество во пржинска влада како партија во опозиција. Се повелекуваме и од идејата за премиер-Албанец во последните 100 дена. Како поинаку да алармираме дека сега не е време за партиски математики, ова е време за превземање на одговорноста“, рече Османи.

“Опозицијата нема конзистентен став бидејќи прво изјавија дека ќе гласаат за уставните измени ако нема нови барања, потоа бараа гаранции од меѓународната заеднца за да ги гласаат уставните измени, па потоа да излезе ДУИ од Владата за да ги изгласаат и постојано ги менуваат ставовите. Знаете ли зошто, праша министерот. Затоа што не можат да најдат аргумент против”, рече тој.

Зборувајќи за ефектите кои би се постигнале со заокружувањето на процесот на уставните измени, Османи е категоричен:

“Се обидуваме и на граѓаните да им дадеме порака – сонот за европска перспектива се зтава под прашалник за оваа одлука, сега сме на крстопат, дали државата ќе се изолира со земјите кои имаат отворени прашања и ќе треба да ги затвараат тие отворени прашања што значи целосна билатерализација или заедно со Албанија и Црна Гора ќе бидат првите земји што ќе станат земји членки на Европската Унија.”

“Мора секој да го заврши својот дел. ДУИ го направи својот чекор, очекуваме останатите партии да го завршат својот дел од работата. Еве и барањето на опозицијата за распуштањето на парламентот- ако им е до толку само до избори, истиот момент кога ќе се изгласаат уставните измени, и ќе се обезбеди неповратно европската перспектива на граѓаните, ќе одиме на избори”, рече Османи.

Related posts

ОЗНАКАТА “NMK” ЌЕ ГИ ЧИНИ ГРАЃАНИТЕ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Таткото-монструм изведен пред суд

admin

Избори во едно, или едно по едно

admin

Битката за уставни измени може да трае до редовните избори

admin

Ковачевски – Брнабиќ: Засилена соработка за иницијативата Отворен Балкан, деблокирање на евроинтеграциите

ninja