21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Министер на Курти допатува на средба кај Ахмети, реагира Касами

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари ненадејна средба со косовскиот министер за инфраструктура, Либурн Алиу. Министерот на Косово, кој е близок соработник на премиерот Курти, допатува во Мала Речица за да разговара со Ахмети. Средбата доаѓа по реакциите кои ги предизвика посетата на Курти, на Тетово. и Чаир, при што Алиу рече дека е пратен од Курти за да разговара со Ахмети за патот Тетово-Призрен, јавува Инбокс7.

 

„Овој пат веќе има физибилити студија која ја изработи Северна Македонија. Во фаза сме на финансиски договор да го реализираме проектот, проектирањето за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект“, рече министерот Алиу.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, рече дека меѓувладините тимови сериозно се занимаваат со ова прашање, за што побрзо да се затвори дизајнот и да почне реализацијата.

„Патиштата ја олеснуваат циркулацијата, циркулацијата овозможува поразвиена, понапредна економија и верувам дека меѓувладините тимови сериозно и активно се занимаваат со оваа проблематика, за да може што поскоро да се заврши проектирањето“, изјави Ахмети.

Коментирајќи ја денешната средба Ахмети-Алиу, првиот човек на Тетово Билал Касами вели дека не верува оти ДУИ има капацитет да го изгради патот Тетово-Призрен.

„Се сомневам дека ДУИ го има во своите приоритети и има капацитет да го истурка овој пат напред. Али Ахмети е дел од Владата, Али Ахмети многу добро знае дека и во многу други случаи се организирале официјални, партиски собири од најразлични форми, со истата иконографија и на никој не му текнало да повика некого во полиција. Али Ахмети се плаши од таа покана и од тој масовен одговор на албанските граѓани на посетата на премиерот на Косово и се чини дека си ги брои последните денови“, рече Касами.

Related posts

САД го предупреди Иран: Војната Израел-Хамас да не прерасне во регионален конфликт

admin

Кренар Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

admin

Кривична пријава против двајца полицајци од Ќафасан

admin

КОВАЧЕВСКИ: СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ДА ИМ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja

Пред да патувате дознајте во кои земји на ЕУ има најефтина облека, храна и престој

admin

Максимум штедење за минимум живеачка

admin