35.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

СПАК побара апсење на Ахметај

Специјалното обвинителство против корупција во Албанија (СПАК) до Собранието на Албанија го поднесе барањето за овластување за апсење на поранешниот министер за финансии и актуелен пратеник на Социјалистичката партија, Арбен Ахметај, пренесува Инбокс7.

Барањето е со датум 7 јули и потпишано од првиот човек на СПАК, Алтин Думани.

СПАК нагласува дека бара овластување од Парламентот на Албанија, за апсење или лишување од слобода и вршење лична контрола и живеалиштето на пратеникот.

Арбен Ахметај е обвинет за „Непријавување или прикривање имот“, „Пасивна корупција“ и „Перење пари“.

Истрагата против Арбен Ахметај започна во 2022 година, а Специјалното обвинителство наведува дека „истрагата продолжува во насока на други криминални факти или други вмешани лица“.

Ако биде уапсен, Ахметај ќе биде вториот министер на премиерот Еди Рама кој заврши зад решетките. Првиот беше Сајмир Тахири, бивш министер за внатрешни работи.

Related posts

И Џафери ќе си замине ако опозицијата гласа за уставните измени

admin

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

admin

Јовановиќ: Економската криза е резултат на владините грешки

admin

Еурактив: Албанија ја остава Северна Македонија зад себе – ЕУ преговорите тргнуваат без Скопје!

admin

КАКО ДА СЕ РАЗБИЕ МРЕЖАТА ШТО ОВОЗМОЖУВА ДА ЦВЕТА КОРУПЦИЈА

ninja