14.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети по средбата со Ескобар: ДУИ е подготвена да го води процесот

Уставните измени и состојбата во Косово биле клучни теми на средбата на Заменикот помошник-државен секретар на САД, Габриел Ескобар, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува Инбокс7.

“Г-дин Ескобар изрази целосна поддршка за европската интеграција на земјата, која се постигнува преку усвојување на уставните измени, а јас ја истакнав нашата целосна подготвеност да го водиме овој процес”, рече Ахмети по средбата.

Тој информираше дека Косово исто така била тема на разговорот со Ескобар.

“Косово беше наша заедничка грижа, во тој случај и двајцата ценевме дека Охридскиот договор меѓу Косово и Србија е историски и треба да се спроведе без никакво одлагање”, изјави Ахмети

Соединетите Американски Држави, според Ахмети, се најценетиот пријател не само на Косово, туку и на сите Албанци и на целиот регион. “Албанците особено се благодарни за американската улога и придонес за слободата, мирот и демократијата и оваа наша благодарност не може да се разниша”.

Related posts

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Италија потпиша договор за испраќање мигранти во Албанија

admin

Сликите на косовски борци на УЧК доминираат во Музејот во Сопот претставен дека е во чест на селаните убиени во 1944 година

admin

Димитриевски против протоколот на Курти: За каков соживот се боревме?

admin

Индустриските производи поскапи за 4.2 проценти

admin

ЕП го засили притисокот врз Урсула фон дер Лајен

admin