7.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

САД разговараа со ЕУ за Западен Балкан

Заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман разговараше со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино за трансатлантската координација низ цел свет, вклучително и за Западен Балкан, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Заменик-секретарот и генералниот секретар го истакнаа цврстото трансатлантско единство за поддршка на Украина додека таа се брани од руската агресивна војна. Тие, исто така, разговараа за начините за понатамошно унапредување на трансатлантската координација низ целиот свет, вклучително и за Народна Република Кина и Западен Балкан“, се вели во изјавата.

Оваа недела Шерман разговараше за Западен Балкан и со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, соопшти Стејт департментот.

„Заменик-секретарот и генералниот секретар разговараа за резултатите од Самитот на НАТО во Вилнус и за цврстата поддршка на нашите две земји за Украина како одговор на бруталната војна на Русија“.

Во информацијата се вели дека „заменик-секретарот и генералниот секретар, исто така, разговараа за претстојната посета на претседателот Макрон на индо-пацифичкиот регион, како и за клучните глобални прашања, вклучувајќи ги предизвиците што ги поставува Народна Република Кина, мирот и безбедноста на Западен Балкан, Ерменија и Азербејџан и Хаити“.

Related posts

Трамп за потенцијалниот самит со Путин: „Не сакам да имам залуден состанок“ 

admin

Грип и корона – ни се заканува ли двоен бран?

ninja

Македонија се усогласи со ЕУ за продолжување на санкциите кон Иран

admin

Мерц ја спушта топката: „Трамп мисли поинаку, но САД остануваат важен партнер“

admin

ФИЛМСКА АКЦИЈА ВО ИРАН: Како ЦИА го лоцирал американскиот војник?

admin

Европа остана без својот голем филозоф: почина Јирген Хабермас

admin