12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити: Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме

Лидерот на “Огнената група”, Изет Меџити, вели дека нема раскол во фракцијата која се одвојува од ДУИ. Тој за ТВ21 потврди дека има различни мислења, но сите се унифицирани околу нивниот проект, пренесува Инбокс7.

По објавувањето на фотографијата синоќа од Гостивар,  каде Меџити не е виден во придружба на Блерим Беџети и Невзат Бејта, се продлабочија сомнежите дека „Огнената група“ се распаѓа.

Иако не зборуваше за поделби, сепак Меџити призна дека има разлики.

„Разговараме со нашите пријатели, но имаме разлики. Кога влеговме во оваа работа, влеговме со цело срце и не за да играме. Ги искажавме нашите забелешки и критики на она што беше интуиција и на она што го видовме дека оваа извршна власт го губи патот а ДУИ се оддалечува од нејзните цели и идеали“, рече тој за ТВ21.

“Сега гледајќи го сето ова, ја отвораме дилемата каде да одиме”, додаде Меџити и рече дека формирањето на ново движење останува опција.

„Со сите структури разговараме дека сите опции се отворени дури и за формирање на ново политичко движење”, рече тој.

Според Меџити, ДУИ го разреши секој член на владата кој беше во иста идеологија како “Огнените”.

Тој вели дека сега пред нив се два патишта: „Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме“.

Related posts

Гордана Сиљановска- Давкова: Првата македонска претседателка

admin

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

admin

Европската комисија го истражува договорот за гас меѓу Бугарија и Турција

admin

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

admin

Германија со закон за поедноставно признавање на странските дипломи за медицински сестри

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja