10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

НАТО предлага проширување на нафтоводната мрежа кон исток поради ризици од војна со Русија

Висок воен претставник на НАТО повика Алијансата да ја прошири својата мрежа на нафтоводи од времето на Студената војна стотици километри кон исток, за да обезбеди доволни количини гориво за трупите во случај на евентуален конфликт со Русија.

„Од воено-оперативна гледна точка, има смисла системот на нафтоводи да се прошири понатаму кон исток“, изјави генерал-потполковникот Kai Rohrschneider, шеф на Заедничката команда за поддршка и овозможување на НАТО, во интервју за Ројтерс.

Постоечката мрежа од околу 10.000 километри, изградена за време на Студената војна, првенствено била наменета за снабдување на западните воздухопловни сили во евентуален конфликт со тогашниот Советски Сојуз. Воздушните сили би можеле да сочинуваат до 85% од вкупната воена потрошувачка на гориво во воени услови, според анализи.

Нафтоводите, закопани на длабочина од околу 80 сантиметри, денес се протегаат низ 12 земји, но завршуваат во западна Германија, снабдувајќи воени бази како американската база Рамштајн, како и цивилни центри, вклучително и аеродромот во Франкфурт.

Земјите од источното крило на НАТО, вклучително и Полска, подолго време се залагаат за проширување на системот.

Роршнајдер рече дека е неопходно мрежата да се прошири најмалку до Полска, како и да се најдат решенија за трите балтички држави, со дополнителни продолжувања кон Финска на север и Романија на југоисток.

Тој додаде дека проширувањето би помогнало и во надминување на недостатоците во складишните капацитети, бидејќи горивото во нафтоводите би било дополнување на резервите во резервоарите.

„На крајот ќе ни биде потребна мрежа од отпорни складишта за гориво со различни големини, делумно мобилни, што ќе ја покрива заднината на територијата на НАТО“, рече тој.

НАТО се соочува со значителни предизвици во транспортот на гориво во големи количини, што претставува „можеби најголемиот логистички предизвик“, според Роршнајдер.

„Горивото и муницијата се веројатно двете најкритични ресурси за водење операција. Ако останете без едното, операцијата завршува“, рече тој, додавајќи дека во случај на голем конфликт ќе бидат потребни стотици илјади кубни метри гориво дневно.

Предлогот за проширување сè уште е во фаза на политички разговори, без утврден рок за конечна одлука. Според медиумски извештаи, проектот би можел да чини околу 21 милијарда евра и да трае 20 до 25 години.

Related posts

Европа под воен притисок: НАТО подготвува нова ера на масовно вооружување

admin

ЕУ комесарката Лахбиб: Израел можеби има потреба од ново раководство за да донесе мир

admin

Со национализам на младите не им се „продава“ иднината

admin

Русите добија апликација што станува задолжителна – истражувачи открија што сè може да гледа MAX

admin

Пожарите во Скопје: Случајност или политичка саботажа?

admin

Поранешниот грчки премиер исклучен од владејачката Нова Демократија

admin